12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСрбија ни испраќа хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија

Србија ни испраќа хеликоптери за гаснење на пожарите во Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во акцијата за гаснење на пожарите во Македонија, по одобрение од нивните колеги учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои дејствуваат во атарот на селото Магленце со што спречуваат понатамошното ширење на пожарот кон територијата на Србија.
Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави синоќа дека со одобрение на претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, МВР денеска ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни состојби при гаснење на пожарот што се прошири од Македонија во местото Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, јави дописникот на МИА од Белград.

<

-По одобрение на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ, Министерството за внатрешни работи утре ќе испрати два хеликоптери на Хеликоптерската единица за да им пружи помош на припадниците на Секторот за вонредни ситуации во гаснењето на пожарот што од Северна Македонија се прошири до областа Козјак кај Бујановац, во близина на манастирот Прохор Пчињски, изјави Дачиќ, се наведува во соопштенеито до медиумите на МВР.

Во него се додава дека поради ширење на пожарот во источниот дел на Северна Македонија, а врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Северна Македонија, Министерството за внатрешни работи ќе испрати хеликоптер „Агуста Бел 212“ во земјава со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

Во акцијата за гаснење на пожарите во Македонија, по одобрение од нивните колеги учествуваат 10 пожарникари-спасувачи со три теренски возила, кои дејствуваат во атарот на селото Магленце со што спречуваат понатамошното ширење на пожарот кон територијата на Србија.

-Во гаснењето на пожарот на крајно непристапен терен во областа Козјак, ангажирани се 43 пожарникари-спасувачи со 14 возила од противпожарните единици на Врање, Белград, Ниш, Лесковац, Крушевац, Смедерево, Панчево, Јагодина и Крагуевац, изјави министерот Дачиќ, се наведува во соопштението на српското МВР. (МИА)

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...