18.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаСрпскиот хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ го гаси пожарот кај Охрид, до...

Српскиот хеликоптер „Ербас Х215 Супер Пума“ го гаси пожарот кај Охрид, до 11 часот исфрлил 126 тони вода

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Хеликоптерот на МВР на Србија „Ербас Х215 Супер Пума“, со носивост од три тони вода, со шест припадници на хеликоптерската единица и еден припадник на Секторот за вонредни ситуации, од саботата секојдневно го гаснат пожарот кај Охрид, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода, јави дописникот на МИА од Белград.

<

„Припадниците на хеликоптерската единица и Секторот за вонредни ситуации продолжуваат да им даваат поддршка на македонските колеги во борбата против пожарот. Нашата посада на „Супер Пума“ е ангажирана во гаснењето на пожарите во околината на Охрид. Секој ден работат од 6 до 7 часа, а само денеска до 11 часот испуштија дури 126 тони вода. Нивниот ангажман не е само борба против огнената стихија, туку и за солидарност и помош меѓу соседите. Секој лет со хеликоптер претставува уште еден чекор кон сигурна и побезбедна средина за сите нас. Горди сме на нашите херои во воздухот кои неуморно работат на заштита на животите и имотот“, се вели во соопштението на официјалната страница на Инстаграм на МВР на Србија.

Инаку, МВР на Србија, во текот на изминатата недела, поради ширењето на пожарите во источниот дел на Македонија, врз основа на официјалното барање на Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, пружи помош со испраќање хеликоптер „Агуста Бел 212“ со пет припадници на хеликоптерската единица и припадник на Секторот за вонредни состојби.

„Во изминатите три дена хеликоптерот од Србија оперираше во атарот на село Јамница, на територијата на општина Пробиштип и успешно учествуваше во локализирање на пожарот во атарот на населбата Долно Ѓуѓанци, во близина на градот Свети Николе, како и во атарот на селото Рамно на територијата на општина Старо Нагоричане“, наведоа тогаш од МВР Србија.

Пред тоа во кон средината на јули МВР Србија го испрати противпожарниот хеликоптер Камов Ка-32 со носивост од пет тони вода на гаснењето пожари кај Ново Село и на планината Серта во загрозената област во општините Неготино, Конче и Штип.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...