17.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаПолицаец од Ресен сам ковал монети од по 2 евра

Полицаец од Ресен сам ковал монети од по 2 евра

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Стотици илјади фалсификувани монети од по 2 евра, ковани во подрум во Скопје, завршиле на Косово. Поради откриените фалсификати, Косовската Централна банка повлекла од промет над 2,5 милиони монети. Македонската Народна банка открила над 50 илјади фалсификувани евра за две години.

<

Еден од осомничените е 34-годишен полицаец Ш.Д. од Ресен, кој е вработен во полицискиот Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, а кој од косовската полиција бил приведен на 4 август годинава. Полицаецот е осомничен дека во неколку наврати внесол и пуштил во оптек илјадници фалсификувани монети во вредност од по две евра. Од МВР информираат дека при претреси на три локации, биле пронајдени и одземени две машини со компресори за потиснување, шест метални печати за изработка на монети од две евра, шест вреќи со полупроизвод на монети и една вреќа со готов производ на фалсификувани монети. Одземените предмети ќе бидат предадени на понатамошно вештачење, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството информираат дека поради регистрирани неколку случаи на пуштање во оптек на фалсификувани пари во Косово, Специјалното јавно обвинителство на Република Косово (СПРК) заедно со Секторот за истражување економски криминал и корупција во косовската полиција, со поддршка на други истражни и разузнавачки органи во таа држава, од 2023 година „започнаа повеќе активности насочени кон спречување на дистрибуцијата на фалсификувани пари, особено евра на косовскиот пазар со што се нарушуваше пазарот и јавниот интерес“.

– Како резултат на овие активности, започна голема меѓународна истрага во рамките на која беше формиран заеднички истражен тим меѓу Косовското специјално обвинителство од една страна и Основното јавно обвинителство – Скопје од друга. Во спроведување на активностите на истражниот тим, беа вклучени претставници на Истражниот центар на ОЈО – Скопје, на Одделот за борба против организиран и сериозен криминал, Единица за финансиски криминал при Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија и на Директоратот за економски криминал при Косовската полиција, соопшти Обвинителството.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...