Премиерот Христијан Мицкоски ќе оди на одмор во Црна Гора, но само на неколку дена, објави Вечер.
Владата нема да оди на колективен одмор туку министрите ќе користат парцијално годишен одмор.
Како што рекле од владата, Мицкоски ова лето поголемиот дел останува работно ангажиран, и само кус период од 8 до 11-ти месецов ќе се приклучи на одморот на неговото семејство, сопругата Рози и двете деца, кои стандардно и веќе традиционално се во Црна Гора.
Поради обврските со владата и работна координација, премиерот ќе искористи само дел од одморот, но тој вели дека и тие неколку дена поминати со семејството се доволни и драгоцени за него.