10.9 C
Ohrid
петок, април 25, 2025
ПочетнаМакедонијаБубо Каров: Потегот со „Северна Македонија“ не беше погрешен, за мене понавредливо...

Бубо Каров: Потегот со „Северна Македонија“ не беше погрешен, за мене понавредливо е „поранешна југословенска Република“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Откако ме прогласија за предавник и откако ме прогласија за Северџан, не реагирав. Искрено да кажам, никогаш и не сум реагирал. Реагирале луѓе во мое име. Но јас сум навикнат – истакна денеска Бубо Каров во гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77. Тој зборуваше за навредите кои беа уаптени кон него откако се вброи меѓу добитниците на државната награда 11 Октомври, која беше врачена во Собранието. Зборувајќи за негативните коментари кои следуваа по добивањето на наградата, тој рече дека секое негово појавување во јавноста буди интерес.

<

Кога ми ги пуштија реакциите видов дека се работи за орекстриран напад. Ти да ставиш некого во категорија предавник не е едноставна рабоота, некому да закачиш таква етикета и да го третираш како таков. Тоа го прават луѓе кои се или членови или симпатизери на партија која до пред десет години не го признаваше 11 Октомври како празник. АСНОМ го негираа“, посочи Каров. Тој објасни дека предлогот за наградата дошол од новинарката, Јасна Франговска.

Ако јавноста ја интересира можам да кажам кои се другите поддржувачи – Ѕвездан Георгиевски, Милан Банов исто колеги. Драго ми е тоа што го напишал Ѕвездан. Тој направил посебен осврт н на една рабта за која малку се знае бидејќи тогаш како рок музичари со групата Токму така ловевме југословенска кариера. Така што, Ѕвездан посебно се осврнал на сатирата и на делот како борец за рок култура, категорија која денес не постои во државата“, нагласи Каров. Тој додаде дека предлогот за тој да ја добие наградата бил и Владимир Наумовски, универзитетски професор.

„Значи тој секоја година редовно ме канеше да држам предавања на неговите студенти. Тој предава Етика во бизнисот, ме викаше за да ги пренесам моите практични сознанија и искуства при правењето на реклами. Мислам дека студентите многу добро си поминуваа на тие предавања. Инаку, поддржувачи на мојот предлог беа и тројца академици – Ферид Мухиќ, Венко Андоновски и Владо Камбовски. Тоа се луѓе кои сигурно не би поддржале некој предлог туку-така“, додаде Каров.

Во своето гостувањето во „Стадион“, тој се осврна и на политиката и рече дека потегот кој државата го направила со Северна Македонија, не го смета за погрешен.

-Затоа сум се нафатил. Мене никој не можел никогаш да ме убеди со пари да учествувам во нешто за коешто не мислам дека е така. Значи, една работа што сега се покажа како точна – да тргнеме од името. За мене е понавредлива референцата „поранешна република“.

Живеевме со тоа и сега одеднаш Северна ни смета. Ако можело да се смени „Поранешна Република Југославија“ која беше воведена на три месеци и ако сме успеале 30 години да истераме со тоа, можеби после 30 години пак ќе се вратиме на Македонија. Ама единствен начин за да се вратиме на Македонија е да седнеме на таа маса каде што се одлучува. А за да седнеме на таа маса изгубивме толку драгоцено време – порача Каров.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово.

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, успешно го заврши проектот за поставување на нови водоводени краци во село Сливово. Наместо првично планираните 600 метри,...

Почина Алајдин Сулејмани од Арачиново, кој беше тешко повреден денеска во пукотници на Бит Пазар

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар....

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава информираат од МВР.

Пронајден е возачот кој во Охрид удри пешак и избега од местото, против него ќе биде поднесена соодветна пријава На 24.04.2025 во 22.40 часот во...

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид – брзата интервенција спречи поголема несреќа

Опожарено возило на улицата Македонски Просветители во Охрид - брзата интервенција спречи поголема несреќа Денеска околу 14:00 часот, на улицата Македонски Просветители во Охрид избувна...