3.9 C
Ohrid
понеделник, ноември 25, 2024
ПочетнаМакедонијаГолем успех за теквондо клубот Сонкал од Мислешево: 9 златни, 4 сребрени,...

Голем успех за теквондо клубот Сонкал од Мислешево: 9 златни, 4 сребрени, 14 бронзени и 2 пехари за најдобри поединци

9 златни, 4 сребрени, 14 бтонзени и 2 пехари за најдобри поединци од “СРБИЈА ОПЕН 2024” за натпреварувачите на Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација
Викендов што измина на 19.10 2024 во Нови Сад, соседна Србија , традиционално 17 по ред се одржа меѓународен А класа Таеквон-до ИТФ натпревар кој е еден од најсилните натпревари во југоисточна Европа, каде учествуваа 555 натпреварувчи од 11 земји од регионов. На овај натпревар многу држави ги носат своите најдобри натпреваруваќи, припремајќи ги за наредното Европско првенство кое ќе се одржи во Талин , Естонија, крајот на април, наредната година. М.Т.Т.Ф на овај престижен натпревар под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски и националниот селектор Саша Поповски, двајцата носители на срн појас 5 дан, учествуваше со 22 натпреварувачи од 5 клубови на М.Т.Т.Ф, кои натпреваруваа во две дисциплини, форми(борба со замислен противник) и спаринг-борби. Истотака М.Т.Т.Ф учествуваше со 4 официјални лица и 5 лиценцирани судии.
Како една од најмалите репрезентации кои учествуваа на овој натпревар, можеме да се пофалиме дека имаме одлични натпреварувачи кои не израдуваа со 9 златни, 4 сребрени, 14 бтонзени и 2 пехари за најдобри поединци, а севкупен пласман како држава сме на 4 место, каде пред нас се државите кои учествуваа со многу поголем број натпреварувачи од нашата репрезентација. Сите натпреварувачи до златото имаа по 3-4 борби. Од почеток почнаа помаладите категории , за на крај на натпреварот завршните борби го водеа повозрасните категории, кои направија одлични борби. Посебно за пофалба се натпреварувачите од клубот СОНКАЛ од Мислешево,Струга, кој осови 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали, сите натпреварувачи зедоа медали, Теодор Ѓорески се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец, додека тренерите на овај клуб Давид Крстески со 4 борби и Марио Крстески со 3 борби, беа непобедливи на борилиштата освојувајќи златни медали во спаринг борби. Истотака од охридскиот клуб МАСТЕР , Владимир Димитриевиќ со 3 победи се искачи највисоко на пиедесталот , докажувајќи дека е неприкосновен во неговата категорија.Мораме да напоменеме и дека од клубот ЧОНЏИ од Косел-Охрид, Михаил Крстаноски се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец. Од клубот Ахилиус од Скопје, Теодора Митреска успеа да се искачи до второто место, додека од ХВА РАНГ ИТФ од Лескеоц Охрид, највисоко на пиедесталот се искачи повторно Миа Танеска во борби, која самомпред две седмици во Плевен, Бугарија, беше прво место, покрај неа со злато се закитија и Теодора Тодороска, Анастасија Трифуноска,Михаил Јоноски, ни изјавува претседателот Марјанчо Лазаревски. Кој користи прилика јавно да се заблагодари до генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за учествотот на нашата решрезентација на овај престижен натпревар, Министерството за спорт и Општина Охрид.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Митрополит Тимотеј

Дебарско-Кичевскиот Митрополит Тимотеј денеска ја загуби битката за живот и почина во болница. Дебарско-кичевскиот Митрополит Тимотеј починал денеска на 73-годишна возраст. Тимотеј неколку дена бил...

Граѓани од Скопје бараат од надлежните да ги заштитат од агресивно куче

Во групата на ФБ „ Во одбрана на Буњаковец“ е објавен апек до надлежните за да ги заштитат од агресивно црно куче , кое...

Охриѓанка крадела по бутици во Гостивар

Вчера полицајци од Гостивар ја лишиле од слобода Џ.Д. (44) од Охрид, којa била пријавена од вработена во продажен објект дека извршила кражба во...

После долги години се врати и Елвир Мекиќ- Заедно со Охриѓанецот Пајак направија вистински музички хит.

Младиот и супер талентиран музичар од Охрид, 23-годишниот Христијан Настески- Пајак, заедно со Елвир Мекиќ ја објави новата песна „Накаде после два“. Елвир беше еден...