16.6 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаМесечните трошоци пониски за 57 денари, министерот Дурмиши е уверен – со...

Месечните трошоци пониски за 57 денари, министерот Дурмиши е уверен – со ограничените маржи граѓаните заштедиле.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Месечните трошоци паднаа за само 57 денари, кај храната и пијалоците се намалени за нешто над 900 денари, но и покрај ваквите скромни бројки министерот Дурмиши е уверен дека мерката со која се ограничија маржите дала резултати граѓаните заштедиле.

<

„Ние донесовме две мерки. Донесовме одлука за училишниот прибор и за потрошувачка кошничка. Ако ги преземеме анализите од двете мерки имаме намалување на трошоците од 3.000 денари кај секое семејство“, вели министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Но, ова мислење не го делат и синдикатите. Бараат при креирање на вакви мерки и тие да бидат вклучени.

„За жал трговците го искористија периодот кога се креираше ваква мерка и што направија прво ги зголемија цените и синдикалната минимална кошничка во делот кај храната и пијалаците беше зголемена за околу 750 денари, а сега за октомври намалена за 960 денари, што ќе каже дека трговците беа алчни на грбот на работниците повторно се обидуваат да заработуваат и со зголемените цени кои ги намалија во октомври повторно останаа со истиот профит кој го имаа. За жал во Македонија може да гледаме само за алчноста на трговците“, вели претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.

Претходно и министерката Кочоска рече дека мерката е преобемна, институциите немаат капацитет да прават проверки и смета дека во иднина повеќе не треба да се применува. Граѓаните пак секојдневно во анкетите зборуваат како не почувствувале значајно поевтинување. Но, и покрај ваквите реакции Дурмиши најави слична кошничка за време на празници.

Мерката трае до крајот на месецов. Но, досегашната пракса покажа дека кога завршуваат ваквите одлуки, цените повторно одат нагоре. Дурмиши вети ако тоа се случи ќе се преземат поригорозни мерки, но не откри какви.

Идната недела пак на седница на Влада треба да се најде буџетот за следната година. Синдикатите добиле ветување дека пред да биде доставена финалната верзија ќе се одржи економско социјален совет на кој ССМ заедно со Владата и работодавачите ќе ги разгледуваат ставките за платите во буџетот.

Според, последните податоци на ССМ на едно четиричлено семејство за да ги покрие основните трошоци во месецот му се потребни 1.000 евра, ако се вклучат и оние за кирија за стан се нешто повеќе од 1.200 евра.
Телма Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...