9.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонија(ВИДЕО) Трамп предлага болните од ковид-19 да се лекуваат со вбризгување средство...

(ВИДЕО) Трамп предлага болните од ковид-19 да се лекуваат со вбризгување средство за дезинфекција

spot_imgspot_img

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи „вбризгување“ средство за дезинфекција кај лице заразено со коронавирус за негово лекување.

Ваквата шокантна изјава Трамп ја даде на прес-конефенцијата во Белата куќа, откако раководителот на одделот за наука и технологија во рамки на Министерството за домашна безбедност Бил Брајан го презентираше истражувањето, според кое новиот вирус не живее долго на високи температури и при висока влажност.

„Вирусот умира најбрзо на сончева светлина“, рече Брајан, на што Трамп му упати неколку прашања за тоа како би можело телото да биде изложено на таква светлина.

„Да претпоставиме дека ќе го изложиме телото на таква силна светлина – без разлика дали е ултравиолетова или само многу моќна светлина што можете да го направите или преку кожата или на некој друг начин“,

рече Трамп, кој понатаму ја разработи и теоријата дека вирусот најбрзо се убива со дезинфекција.

„Гледам дека дезинфекцијата го убива вирусот за една минута, буквално за една минута. Дали постои начин да направиме такво нешто со негово инјектирање или со целосно чистење? Би се влевало во белите дробови, би било интересно да се провери тоа“,

рече Трамп на брифингот.

Брајан, под сослушување од новинарите, подоцна изјави дека федералните лаборатории не размислуваат за таква опција за третман. Тој додаде дека само топлината и влажноста не го убиваат вирусот доколку луѓето не продолжат да практикуваат социјално дистанцирање.

На новинарско прашање до Брајан да даде стручен коментар на тврдењето на Трамп, тој кусо одговори дека федералните лаборатории не размислуваат за таква опција за третман, додавајќи дека топлината и влажноста не го убиваат вирусот, без да се практикува социјално дистанцирање.

На ова, Трамп само додаде: „Можеби функционира, можеби не“.

Лекарите: Ова е неодговорна и опасна изјава

Ваквата изјава на Трамп предизвика реакции во медицинската јавност. Познатиот пулмолог, глобален експерт за здравствена политика и соработник на повеќе американски ТВ мрежи д-р Вин Гупта во првичната реакција побара од здравствените власти веднаш да ја оспорат оваа, како што ја нарече „неправилна и опасна здравствена порака“ на претседателот.

„Оваа идеја за инјектирање или внесување на какво било средство за чистење во организмот е неодговорнa и опаснa“. Тоа е вообичаен метод што луѓето го користат кога сакаат да се самоубијат“, изјави д-р Гупта.

Трамп и досега промовирал опасни лекови

Не е прв пат Трамп да застане зад промовирање на непотврдени лекови против ковид-19. На почетокот на пандемјијата на еден од своите брифинзи тој го промовираше хидроксихлорокинот, иако здравствените власти упатија остро предупредување против.

 

Во медиумите исто така беше објавен случајот на маж од Аризона кој починал кон крајот на март, откако конзумирал хлорохид фосфат , убеден дека тоа ќе го заштити од зараза со коронавирусот. Неговата сопруга за медиумите изјави дека ги гледале брифинзите на кои Трамп зборувал за потенцијалните придобивки од хлорокинот.

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...