На 47. Седница на Советот на Општина Охрид донесена е
О Д Л У К А
ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ И ИСПЛАТА НА ПАРИЧНА НАГРАДА НА УЧЕСНИЦИ ВО ГАСНЕЊЕТО НА ЛЕТНИТЕ ПОЖАРИ НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА ОХРИД
Општина Охрид обезбедува средства во буџетот на Општината за определување и исплата на парична награда на учесници во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид.
Паричната награда се определува на вкупен износ од 580.000,оо денари со вклучен персонален данок на доход, а ќе биде исплатена на учесници кои имаа значаен личен придонес, исклучително залагање, пожртвуваност и врвен професионализам во гаснењето на летните пожари на подрачјето на општина Охрид.