10.9 C
Ohrid
петок, ноември 29, 2024
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Нема да има милост, лицата кои го палеа и кинеа македонското...

Мицкоски: Нема да има милост, лицата кои го палеа и кинеа македонското знаме се уапсени.

Премиерот Христијан Мицкоски најостро го осуди сквернавењето на македонското знаме за време на вчерашното славење на Денот на албанското знаме. Тој вели дека претходно предупредувале како Влада за можни инцидденти и обиди за етнички тензии.

„Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков тип на обиди за ескалација и креирање на етнички тензии дека ќе има и во иднина. Ако мислите дека ова ќе биде изолиран случај, нема да биде, очекувајте дека ќе ги има, бидејќи како правдата пополека, но сигурно се доближува до криминалците и како ќе затропа на нивните врати, така тие ќе стануваат понервозни, понетрпеливи и единствениот начин да го одбранат криминално стекнатиот капитал е токму вака со манипулирање и предизвикување ваков тип на инциденти“ изјави Мицкоски.
Тој ја поздрави навремената реакција на МВР и Бирото за јавна безбедност кои, како што рече не дозволиле ескалација на настаните.

-Честитам на навремената, трезвена, државничка реакција на МВР и Бирото за јавна безбедност, СВР Скопје, припадниците на МВР кои не дозволија ескалирање, но истовремено реагираа во насока на приведување на лица кои го сквернавеа македонското државно знаме. Тие се веќе приведени, во текот на денот се очекува да бидат изведени пред судија, рече Мицкоски.

Тој порача дека нема да има милост кон никој и апелираше до граѓаните да не дозволат криминални групи да ја дестабилизираат Македонија.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Двајца загинати од Кичево во тешката сообраќајка кај охридско Ботун

Утрово кај охридското село Ботун се случи тешка сообраќајка. Едно возило излетало од патот, и слетало во река. Според полициските извори што ги доби Шило...

Тошковски за вчерашните инциденти: Уапсени осум лица, меѓу нив еден малолетник

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите изјави дека „уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога...

Димитриевски: Злосторство е да газиш и да кинеш знаме на држава која те израснала…

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски вели дека вчера го честитал денот на албанското знаме, но го осудува она што се...

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Ботун, едно возило излета во реката Сатеска.

Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Охрид-Ботун, при што едно возило излетало од патот и завршило во реката. Засега нема официјални информации за...