12.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаОхридНајголема донаторска акција на СОС БАЛКАНМЕДИА за граѓаните од социјално ранливата категорија...

Најголема донаторска акција на СОС БАЛКАНМЕДИА за граѓаните од социјално ранливата категорија во историјата на Охрид

spot_imgspot_img

Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни Потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА-Охрид, денеска, во просториите на компанијата „Руски Транс“ Охрид, одржа голема донаторска акција.
Имено, на граѓани од социјално ранливата категорија СОС БАЛКАНМЕДИА, им обезбеди апарати за домаќинство, нови електрични шпорети, шпорети на дрва, фрижидери, машини за перење, кој им се неопходно потребни за нивните секојдневни потреби.
Исто така СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид, на Дневниот центар за деца со попреченост „Зраци“ Охрид им додели Донација во вид на прехрамбени производи и средства за лична и општа хигиена.
Големата хуманитарна акција на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни Потреби во медиумите СОС БАЛКАН МЕДИА-Охрид, која се одржува трета година по ред беше поддржана од повеќе правни и физички лица, како и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески. За жал како и во изминатите години, така и оваа година лицата со посебни потреби, како и сите лица од социјалните категории немаат никаква поддршка во смисла на и на материјална, а и на морална од страна на Општина Охрид. Искрено како Здружение не разбираме, како тоа сакаат да градат едно Општество за сите, а во тоа нивно Општество за сите да ги нема лицата со посебни потреби, како и лицата од социјално ранливата категорија?! Не сме сите исти, а сите сме исти кога треба да плаќаме даноци, но најбитно е дека за Бога сите сме исти, ние нема да судиме за нивната крајно игнорантска политика, како и на нивната ново создадена „Листа за отстрел“ која политика ја практикуваат втора година од нивниот мандат. Посебна благодарност СОС БалканМедиа упатува кон оние правни и физички лица и тоа:
„СН БРОКЕР БИТОЛА“, „РЕСКОН“ РЕСЕН, „АНДРОС“ Охрид, „МОБИ ПЕТРОЛ“ Охрид, „АГРО ТЕХНА“ Скопје, „РУСКИ ТРАНС“ Охрид, Бежоски Игор, Љупчо Грдановски, Владо Алексијоски, Тодор Стојановиќ, Ванчо Костоски, Сашо Донев, Лазе Танески. Им благодариме на нивната хуманост, со што на дело покажуваат дека сепак хуманоста кај одредени правни лица е издигнато на најголемо ниво. Денес, на големиот христијански празник Св.Никола, со вербата во Бога од името на Здружението СОС БАЛКАНМЕДИА, донациите ги додели Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца, кој не пропушти ниту една хуманитарна акција и да поддржа, но и е страшен борец за лицата со посебни потреби во социјалните случаеви. Донациите се врачени на следните лица:
1.Дневен центар за деца со попреченост „Зраци“ Охрид, кои добија донација од поголеми размери во прехранбени продукти, како и средства за лична и општа хигиена.
2.Златаноски Никола од Охрид, шпорет на дрва
3.Христоска Маргарита од Охрид, електричен шпорет
4.Костоски Јоцо од Охрид, машина за перење
5.Ѓурчиноски Ангеле од Охрид, електричен шпорет
6.Никола и Антонио Јанески од с. Лешани, Општина Дебрца, шпорет на дрва
7.Општина Дебрца, шпорет на дрва, наменет за новиот Центар за лица со посебни потреби
8. Ставреска Марина од Охрид, електричен шпорет
9.Митеска Христина од Охрид, електричен фрижидер
10. Велјаноски Гоце, с. Лескоец, Охрид, шпорет на дрва
11.Ортопедско помагало-инвалидска количка за едно малолетно лице со церебрална парализа
Главен „виновник“ поточно организатор, лице кое се бори да му го олесни животот на лицата со посебни потреби и голема благодарност од СОС БАЛКАНМЕДИА до г-динот Зоран Денесовски.

За повеќе може да погледнете на овој линк:

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...