15.6 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаСе бара притвор за двајцата разбојници кои упаднаа во Нептун – со...

Се бара притвор за двајцата разбојници кои упаднаа во Нептун – со себе носеле и рачно изработена бомба!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Против две лица на возраст од 27 и 21 година Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка бидејќи постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Разбојништво предвидено во член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

<

На 29 ноември, двајцата осомничени со електрични тротинети дошле до продавницата за бела техника “Нептун” кај Градскиот стадион. Биле маскирани со пластични маски, шалови и качулки на главите и вооружени со пиштоли, додека едниот осомничен на себе носел и импровизирана рачно изработена експлозивна направа во форма на динамит.

Двајцата соизвршители влегле во продавницата, во која во тој момент биле присутни повеќе вработени, возрасни купувачи, но и три деца. На сите им се заканиле со оружјето и експлозивот, а еден од осомничените застанал пред вратата за да ги спречи да излезат.

Другиот осомничен влегол позади пултот од каде ги одзел парите од кадите, па заканувајќи се со оружјето побарал од вработените да му го отворат сефот од каде одзел црвена метална каса со пари и вредносни ваучери. Вкупно со разбојништво и закана по животите на присутните осомничените одзеле пари во вкупна вредност од 556.146 денари, ги предупредиле присутните да не повикуваат полиција и излегле од продавницата.

Во непосредна близина пред продавницата ги затекнале полициски службеници кои веднаш на лице место ги лишиле од слобода.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи постои опасност да побегнат, да се обидат да влијаат врз сведоците или да го повторат делото.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„72-годишен маж од Гостивар ги заклал кравите на својот брат по семејна расправија„

Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една...

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...