29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаКучешка чума се појави во прифатилиштето на Лајка

Кучешка чума се појави во прифатилиштето на Лајка

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во прифатилишето на ЈП Лајка е констатирана појава на инфективна болест штенечак – кучешка чума односно вирусно заболување исклучително ризично по животот на заловените кучиња, без никаква опасност по здравјето на луѓето.

<

– Веднаш по констатирањето на првите случаи, согласно стручните ветеринарните препораки и насоки, преземени се низа превентивни мерки. Од денес престануваме со заловување и враќање на бездомни кучиња првично во период од 14 дена, поради долгата инкубација на болеста и следствено, опасност кучињата да пројават знаци на болеста веќе откако ќе бидат вратени на локација. Затоа, во периодот од 14 дена во стационарот ќе се прифаќаат само кучиња кои се пријавени за агресивни или кои каснале граѓани, информираа од Лајка вчера.

Се врши и внатрешна реорганизација, дезинфекција и санација на сите оддели – карантин, интензивна нега, пост-оперативен дел и вдомување.

– Ќе работиме исклучиво на вдомување на застоените кучиња кои престојуваат со години во нашето прифатилиште и имаат имунитет а ќе бидат предадени на новите сопственици единствено со негативен тест на штенечак. Во моментот сме под карантин, со што сме спречени активно да работиме на решавање на проблемот со уличната популација на кучиња. Застојот на програмата залови – стерилизирај – вакцинирај – врати ќе биде бргу надоместен во наредните месеци, но во моментов е недозволиво да се импровизира, појаснуваат оттаму.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...