18.9 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаФранцускиот предлог пропадна, Бугарите не знаат кои се

Францускиот предлог пропадна, Бугарите не знаат кои се

spot_imgspot_img

Пишува: м-р Слободан ТОМИЌ

Договор куќа гради, само во Македонија неслогата и злобата ја рушат “куќата“ Македонија!

Политичари кои на шверцерски начин опстојуваат со уцени, закани и далавери, не можат да донесат среќа и напредок во Македонија! Македонија е окупирана држава, и малтретирана од бандити и политиканти кои во изминатите 6 години Македонија ја удавија со предавства, корупција и организиран криминал.

Рече Олаф Шолц, заменикот на фрау Меркел поранешната канцеларка на најмоќната држава во Европа, Германија, “Македонија ги исполнува условите за ЕУ како ниедна друга земја“! Изјави и канцеларпт Шолц по средбата со бугарскиот премиер Петков.

Како со фанфари беше најавено дека за време на француското претседателство Македонија ќе ги започне преговорите со ЕУ, односно ќе се крене наметнатата рампа поставена од нашиот источен сосед, но по се’ изледа и самите Бугари не знаат кои се.

Не е оваа говор на омраза, ова е само вистина. Говор на омраза се траспарентите на бугарските депутати-пратеници во бугарското собрание кои свесно и јасно упатија порака до светот дека Македонија е бугарска,или сонот бугарски за Сан Стефанска Бугарија! Не е тафтологија, оваа јасна и гласна порака испратена од еден парламент кој се нарекува европски и кои се ,,потресуваа,, со “Копенхашките критериуми“ ! Дали господине Радев, и Петков и останати ,,камарати,, оваа е европејски и ,,копенхашки?

Во Европската Унија на Моне и Шуман никаде не стои дека за да стане еден народ и една држава член на европскиот клуб треба да се самоуништи и самоизбрише, да се откаже од името, идентитетот, јазикот, историјата, археологијата!

Ништо од очекувањата и од макроновиот таканаречен план или планот на Ковачевски/Петков!!

Ковачевски дури не знаеше дали да оди или не за Бисел па мораше да ги праша српскиот претседател Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама.

И претседателот Пендаровски го укори и му рече да не заминува за Брисел.

Рама и Вучиќ докажаа дека се политичари со педигрее и со достоинство, заедно со претседателот на опозицијата, Мицкоски, лидерите на партиите на Демокраски Сојуз Павле Трајанов, ДОМ и ЛДМ кои изненадија.

Овојпат сите во оркестрација, а не раштимано рекоа, СТОП за таканаречениот„ предлог на Макрон“!

Да биде ситуацијата парадоксална или нелогична, ЕУ на овој самит главен акцент ставија на Украина и Молдавија и тоа експересно со брзината на светлината им дадоа кандидатски статус, а на Македонија, Србија и Албанија ги оставија уште да почекаат.

Албанија го изеде дебелиот крај покрај Македонија, а Србија поради несанкционирање на Русија.

Европа треба да знае без Западен Балкан таа е хорор куќа со една огромна празнина.

Иако Балканот е главната артерија за Европа, бидејќи преку него поминуваат најголемите крвни садови на костурот ЕУ – коридорите 8 и 10, со Србија, Македонија и Албанија главните европски крстосници! Нели?

Велат само тој што нема чувство на национална припадност и патриотизам, таквите луѓе сеедно им е, односно главниот фах им се парите, односно валста!

Така и со Македонија – идентитетот, јазикот, историјата!

ЕУ никако да ја разбере вистината дека секој нецивилизациски чекор кон Македонија секогаш ќе им се удри од глава!

И после се’, евроскептицизмот го достигна својот плафон. Но и покрај се’, Европа не смее да ја заборави депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија за концлогорот Треблинка, за време на бугарската фашистичка окупација во Втората светска војна. Не се врати ниту еден… За жал, Бугарија денес е легло на корупцијата и организираниот криминал.

Не држи Одлуката, Украина и Молдовија да станат кандидати за членки на ЕУ, како и Бугарија и Романија преку ноќ, а Македонија се’ уште да биде надвор од рајот!

Не ни останува ништо друго, туку да бараме помош од пријатели, какви што се САД, Израел и Турција, бидејќи сите три држави ни се стратешки пријатели.

Американскиот аналитичар Евард Џозев во анализа за “Форин полиси“ вели: “Проруските националисти се блиску до преземање на власта во Софија.

Вашингтон може да ги ослабне со признавање на националноста на Северна Македонија!“ Спред Џозеф, само Бајден може да ја спречи бугарската агресија кон Северна Македонија!

Наведувајќи ја како причина подготвеноста на Петков да го укине ветото што Бугарија го имаше искористено за запирање на преговорите за пристапување на Македонија во ЕУ, пејачот и шоумен Слави Трифонов најави дека неговата партија ќе ја напушти владата и тоа го стори.

На 16 јуни, партијата на Трифонов повторно се повика на македонското прашање за да го смени претседателот на бугарскиот парламент, Никола Минчев, член на партијата на Петков. Против Минчев гласаше и партијата на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Се разбира, има начин да се ускрати оваа победа на Путин, со тактика која што може веднаш да ја примени администрацијата на Бајден. А, евидентен е Румен Радев кој го злоупотребува бесниот национализам против соседните Македонци. И, место бомби, Софија го блокираше Скопје да ги отвори преговорите за пристап во ЕУ додека Македонците не потклекнат пред бугарските барања.

Лансиран од прорускиот Борисов во ноември 2019 година, променливиот бугарски ултиматум потсетува на ставот на Путин кон Украина.

Во суштина, од Македонија се бара да признае дека е “вештачка држаава“ и да се потчини на “автентичниот“ бугарски идентитет. Во формалните документи, како и навредите и провокациите од највисоките нивоа, Софија бара Скопје да признае дека пред 1944 година – кога Јосип Броз Тито почна да го формализира она што стана Југославија – македонската историја е бугарска.

Од средновековната словенска писменост до херојското востание против Османлиите во раните 1900-ти, Бугарија бара признание дека националните херои, големите настани, а особено македонскиот јазик, се во суштина бугарски.

Треба да се избришат референците за бугарската фашистичка окупација на Македонија во Втората светска војна и да се сменат учебниците.

Овие тајни спорови за историјата и територијата се познати на Балканот и другите делови на Источна Европа, зрели се за експлоатација од страна на Кремљ.

Во Бугарија, сојузниците на Путин се подготвени да го искористат самиот процес на пристапување во ЕУ за да го уништат суверенитетот на колегата сојузник во НАТО, Македонија. Под плаштот на загриженоста за “еднаквоста на македонските Бугари“, како што вели Радев, Софија може да бара промени во политиката, како што се квоти во јавната администрација и широко прифаќање на бугарскиот идентитет.

Во комбинација со насилните промени на историскиот наратив, Софија може да ги поткопа темелите на Македонската држава. Москва разбира дека тоа ќе го постави теренот за понатамошна дестабилизација во регионот, бидејќи Србија, Грција и Албанија ги застапуваат сопствените историски и територијални претензии во земјата.

Обидувајќи се да постигне успех, францускиот претседател Емануел Макрон, по катастрофата на парламентарните избори што го ослабе на домашен терен, го изнесе последниот предлог за укинување на ветото на состанокот на Советот на ЕУ предводен од Франција.

Прекршувајќи го протоколот на ЕУ, Париз ќе и’ дозволи на Софија да ги внесе своите билатерални барања во формализираниот преговарачки процес со ЕУ – опасен чекор не само за Македонија, туку и за целата ЕУ.

Скоро секоја идна членка на ЕУ има сосед кој сака да ги исправи наводните историски грешки. Украина, која бара кандидатура за ЕУ, е предмет на засилени реваншистички претензии од Унгарија.

Бугарскиот преседан ќе му овозможи на унгарскиот премиер Виктор Орбан да бара слично разгледување на ЕУ за барањата на Будимпешта против Киев.

Доколку биде прифатен во Софија, францускиот предлог би можел да испровоцира политичка криза во Македонија.

Според условите, македонската Влада добива симболично политичко отворање на преговорите со ЕУ, а потоа Скопје мора да усвои уставен амандман – за кој е потребно двотретинско мнозинство – со што во Преамбулата се внесува бугарската националност.

Со тоа, ЕУ ќе ја признае официјалната бугарска позиција за историјата и културата.

Како близок соработник на Орбан, Оливер Вархеји, ќе биде функционерот на Европската комисија задолжен за проценка на македонските перформанси.

Бајден сега е соочен со симултана катастрофа кај двајца сојузници на НАТО – хаос што првично го создаде третиот сојузник, Франција.

Макрон беше тој кој ја охрабри бугарската опструкција на прво место, ставајќи го сопственото вето во ЕУ против Македонија во 2019 година.

Благодарение на бугарското вето, три балкански земји – Албанија, Македонија и Србија – размислуваа да го бојкотираат Самитот за Западен Балкан, чиј домаќин е Франција.

Многу работи се ставени на коцка за да се остави да се одигра пропаднатата дипломатија на францускиот претседател.

Вашингтон треба да ја надополни француската понуда со додавање на состојката што недостасува: наметнување на цена за Бугарија за нејзината идентитетска агресија. Екстремниот бугарски национализам има една сеопфатна цел: да го негира македонскиот идентитет.

Решението е Соединетите Американски Држави (и сојузниците како Обединетото Кралство, кои би можеле да го следат водството на Вашингтон) да склучат билатерален културен договор со Македонија што го потврдува македонскиот идентитет.

Договорот би можел да биде склучен брзо во согласност со неодамна отворениот Стратешки дијалог меѓу САД и Македонија. Клучниот текст би требало да биде земен од членот 7 од Договорот од Преспа – спогодба почитувана преку Атлантикот.

Владата на САД едноставно “ќе признае дека Македонскиот народ има своја историја, култура, наследство и македонски јазик“ – токму таков идентитет што бугарските националисти сакаат да го избришат.

Како одговор, Радев, најверојатно, ќе удри против САД и ќе мобилизира антиамерикански протести. Тоа е цена што вреди да се прифати за да се заштитат американските интереси. Прво, додека Радев ја држи македонската карта, Петков останува ранлив. Францускиот предлог на никаков начин не ја отстранува способноста на Софија да врши притисок врз Скопје, што значи дека Радев може да изврши притисок врз Петков или која било прозападна влада.

За да се маргинализира проруското влијание во Бугарија потребно е конечно да им се одземе навредливата македонска карта на Радев и неговите соработници.

Вистината е дека проруските националисти како Радев и останати – немаат стратешка опција за Русија.

Ова беше факт пред 24 февруари и е уште повеќе случај по катастрофалната руска инвазија на Украина. Мрежата на односи со Западот е премногу силна за да се прекинат врските. Исто, како што Вучиќ ја користи косовската карта да ја одржи својата дволичност, така и Радев и неговите партнери го искористуваат македонското прашање да ја одржат Бугарија поделена меѓу проруски и прозападни тенденции.

Токму со тоа Петков сака да расчисти. Но, тој не може да го направи тоа без надворешно ограничување на навредливиот национализам. Со обезбедување на силна политичка одбрана на идентитетот на Македонија – слична на голема воена помош за одбрана на територијата на една нација – Бугарија би се соочила со реалноста: бесмислената залудност на нејзината мисија.

Како што Путин не може да ги убеди Украинците дека тие се навистина Руси, Радев и компанија не можат да бараат Македонците да го започнат процесот на предавање на својот идентитет на Бугарија.

Во Бугарија ќе има метеж, но веќе има метеж и гласање за недоверба. Исто така е веројатно дека вината за секој американско-македонски договор ќе му биде прикачена на Радев, откако Бугарите ќе видат директна цена за злоупотребата на членството на Софија во ЕУ.

Во моментов, изолацијата во ЕУ е скромна, што е прифатлива цена во Бугарија. Вашингтон треба да ја употреби својата моќ за да се справи со проблемот: со опипливата и разбирлива несигурност што ја имаат Македонците од заканувачкиот сосед кој е дел од ЕУ и НАТО.

Идејата за афирмирање на македонскиот идентитет е нормална работа за искусен политичар како што е Бајден.

Како претседателски кандидат во август 2020 година, Бајден издаде изјава во која им ја честита на македонските Американци годишнината од Илинденското востание – што е меѓу спорните историски настани што ги нарушуваат бугарско-македонските односи.

Американскиот претседател Џорџ В. Буш создаде преседан во оваа сфера, кога неговата администрација (поради грчките приговори) го призна она што тогаш се нарекуваше Република Македонија со нејзиното уставно име во 2004 година, за да спречи избувлива етно-национална криза.

Заедно со придобивките, официјалното потврдување на македонскиот идентитет е исто така вистинската работа – средство за запирање на малтретирањето во стилот на Кремљ од страна на еден сојузник на НАТО против помал сојузник на НАТО кој бара свое место во Европската Унија.

Ќе завршам со Еди Рама, кој да бидам искрен им удри голема “шлаканица“ на сите лидери на ЕУ и на самата ЕУ!

Од друга страна за разлика од многу лидери и политичари на албанскиот кампус во Македонија, кои за ситуацијата со Бугарија ќе речат,да ние сме за предвремени збори но сме и за Бугарите да влезат во Уставот и во преамбулата и во норативниот дел, како што и топ тан дипломатот Османи како го нарекуваат неговите неистомисленици, директно во очи му тедложил на рускиот пилот Радев како негов спин доктор.

Имено албанскиот премиер Еди Рама ќе изјави “ЕУ е импотентна, а бугарското вето е “срам“ за Европа!“ Албанскиот премиер Еди Рама ги обвини Франција и Германија дека не прават доволно да се тргне бугарското вето кон Македонија и неговата земја.

Затоа, од таа причина и “дијагнозата“ на ЕУ, да го прифатиме фактот дека Францускиот предлог пропадна!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7-ми Ноември во Охрид.

Во тек се завршните активности од реконструкцијата на улицата 7. Ноември. Таму се поставува слој асфалт, додека претходно се постави нова канализациона мрежа, осветлување...

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема да ги гарантира уставните измени

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција дека нема да влезат во влада која нема да ги гарантира уставните измени, изјави министерот за економија,...

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...