25.9 C
Ohrid
среда, јули 2, 2025
ПочетнаМакедонијаПартијата на Љубчо Георгиевски задоволна од Францускиот предлог, вели ќе има голем...

Партијата на Љубчо Георгиевски задоволна од Францускиот предлог, вели ќе има голем напредок во наша корист.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ВМРО-Народна партија оценува дека со вчерашната одлука на бугарскиот парламент со кој се поддржа францускиот предлог и даде согласност да се тргне ветото кон Северна Македонија, не само што се отвора патот на Европската интеграција на државата туку и дефакто денешната ја поништува претходната одлука на бугарскиот парламент на која беше донесена познатата рамковна позиција за Македонија.

<

Со рамковната позиција, да се потсетиме, Северна Македонија требаше самата да објави дека „македонскиот јазик и македонската нација потекнуваат од 1945 година, а пред тоа биле бугарски“, пишуваат од партијата на Љубчо Гергиевски.

Според тоа, ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог е еден голем напредок во корист на нашата држава и за тоа партијата го позравува преговарачкот тим на Република Северна Македонија.

ВМРО-Народна партија смета дека францускиот предлог треба да претрпи одредени корекции, но исто така повикува да не се испушти шансата.

„Посебно сме непријатно изненадени дека кај најголем дел од противниците на францускиот предлог се уште сметаат дека најголем проблем е внесувањето на Бугарите во македонскиот Устав. Оваа позиција не можеме да ја разбереме и навистина сакаме да споделиме дека тоа не само што не е проблем туку е и голем исчекор за Македонија“, велат од ВМРО-Народна.
МакФакс

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Стојанче потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти

ДЗС: Ангелов потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилоти Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за...

Скопјанец загина под сопствениот прозор, со мотор го прегазиле на пешачка зона на кеј

Скопјанец загина вчера во страшна сообраќајна несреќа што се случила на кејот на Вардар, во близина на Паркот на франкофонијата, или кај објектот „Жабарот“ Според...

„Цаци, готова си“ – Охриѓанец упатил закани кон пратеничката Славјанка Петровска пред нејзиниот дом

Доцна синоќа околу 23 часот, пред зградата каде што живее, пратеничката и поранешна министерка за одбрана Славјанка Петровска доживеала непријатен инцидент. Автомобил со охридски...

Дијана Габровска уапсена на Халкидики- Со двајца црнци снимала филм за возрасни.

Необичен инцидент се случил на осамена плажа на Халкидики. Двајца црнци и една жена од бугарско потекло биле уапсени додека снимале филм за возрасни,...