8.9 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаПреведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

Преведувач од Македонија добил понуда од ЕУ за превод од „северномакедонски“ јазик

spot_img

„Утрово добив понуда за превод на материјали од северномакедонски јазик. Кој е тој јазик, знае ли некој? Јас не знам за таков јазик“, напиша преведувач од Скопје на својот фејсбук-профил и објави детали за преводот, инаку проект на ЕУ.
Се бара превод на 280 страници, една страница со 1.800 карактери, дека преводот од северномакедонски треба да биде готов до 1 октомври…

<

Синоќа Бујар Османи, македонскиот министер за надворешни работи во емисијата 360 степени на ТВ Алсат изјави дека „според актуелниот предлог, македонскиот јазик е еден од 25-те јазици на ЕУ и како таков станува дел од преговарачката рамка и тоа е една од најголемите победи за македонскиот народ и за државата“.

Еве што ден пред тоа изјави францускиот претседател Емануел Макрон : „Сакам да го поздравам гласањето во бугарскиот парламент со што се отвора пат за укинување на ветото и отворање на преговорите за пристапување на Северна Македонија, а со тоа напредок на албанското досие“, изјави Макрон во Брисел и им се заблагодари на „Северномакедонците“.

На ова Османи реагираше: Нема дилеми, Макрон направи ненамерна грешка именувајќи нѐ „Северномакедонци“. Комунициравме веќе со Амбасадата на Франција и немаме дилеми дека францускиот претседател направил ненамерна грешка, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Само неколку часа подоцна нова изјава од Макрон: „Во однос на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија. Повикав на гласање во бугарскиот парламент, за укинување на бугарското вето во однос на северномакедонските преговори за членство, што исто така ќе ѝ помогне и на Албанија. Ќе продолжиме со ова. Ги имаме преговорите со бугарските и северномакедонските колеги да се најде решение и постигне договор во следните неколку дена и сите се подготвени тоа да се формализира“, изјави францускиот претседател Макрон.

Се чека на реакцијата на Османи и на оваа изјава на Макрон.
Извор:Мкд.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопски зет натепан од бабата и дедото.

На 22.01.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат...

Се уште не се знае колку дена била почината жената од Кавадарци и дали станува збор за убиство

Кавадарчани утрово ги вознемири веста дека во својот стан, каде живеела сама, е пронајдена почината 52-годишната Сузана С.С., а на нејзиното тело имало повреди. Телото...

Наставник од Џепчиште натепал ученик.

Наставник во подрачно училиште во дебарското село Џепиште, физички нападнал ученик во истото училиште, кое функционира во рамки на Општинското основно училиште „Пенестија”- Дебар. Според...

Апасиев стана редовен професор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип

Пратеникот Димитар Апасиев на Фејсбук објави дека е избран за редовен професор на Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Во продолжение целосната објава на Апасиев: … „и...