1.9 C
Ohrid
петок, јануари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаИсчезнато 3-годишно дете во Буково најдено среде река, го одвел непознат човек

Исчезнато 3-годишно дете во Буково најдено среде река, го одвел непознат човек

spot_img

Веста дека во средата во 11.40 часот од дворот на семејната куќа во битолско Буково исчезнало три ипол годишно дете, кое било пронајдено по околу три часа, ја вознемири јавноста. Претседателот на Месната заедница Буково, Горан Кабровски, момчето било пронајдено како стои среде река, а на родителите и на полицијата им раскажало дека возрасен маж го зел од дворот и го однел во шумата, пишува „Фокус“.

<

Кабровски информирал дека таткото на момчето бил негов пријател, и веднаш штом забележале дека го нема, му се јавиле телефонски, бидејќи тој имал дрон. Тој пак, ги алармирал сите сожители, и за кратко време се собрало доста народ пред куќата на момчето.

– Бев во Битола кога го добив повикот од вознемирениот татко. Се вратив веднаш во Буково, дојдоа многу луѓе, дојдоа од горската служба, веќе започнавме со потрагата, полицијата дојде потоа. Тоа беа моменти на огромен страв, родителите беа избезумени од грижа. Поради густите грмушки, со дронот не можевме да видиме ништо. Местото каде дури во 14 часот го најдовме детето, како стои среде река, која за среќа не е многу длабока, пред тоа неколкупати го пребаравме. Се создаде голема паника помеѓу мештаните, тоа беа многу лоши сцени. Момчето не зборува македонски, туку германски, и потоа, откако го најдовме, преплашено му раскажа на татко му што се случило, кажа Габровски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пуш-пауза: Катица Јанева сликана пред адвокатска канцеларија

Случаен минувач кој и ја испрати фотографијата на редакцијата на Курир ја овековечи Катица Јанева пред канцеларијата на нејзиниот син. Поранешната специјална обвинителка е...

Денеска четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко

Во Основниот суд во Струга почна првото од закажаните за денеска четири судења против градоначалникот Рамиз Мерко – за плочата на општинската зграда, две...

Во Хрватска продавниците празни: Бојкот поради високите цени !!!

Во Хрватска за денеска е најавен бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива која започна од...

100 дена отчет за работењето на ЈПКД-ДЕБРЦА- 03.09.2024 – 31.12.2024

100 ДЕНА ОТЧЕТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ЈПКД-ДЕБРЦА 03.09.2024 - 31.12.2024 Во период од 100 дена по превземањето на Јавното Претпријатие за комунална дејност Дебрца на...