-0.1 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаНа универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик

spot_img

Насловна / Балкан • Македонија
Објавено на: December 23, 2024
На универзитет во Солун се говореше за македонистиката, на македонски јазик
t

За првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука – рече Весна Мојсова-Чепишевска.

„Секоја граница е тешко да се помине. Ама мора да ги дадеме сите сили, и професионални и лични, за да почнат работите да течат кон вистинска соработка меѓу двата универзитета“, порача универзитетската професорка, Весна Мојсова-Чепишевска на конференцијата за перспективите на културна соработка на академско ниво со фокус на македонскиот јазик. На оваа прва од таков тип конференција во организација на Одделот за балкански, словенски и ориентални студии на Универзитетот „Македонија“ заедно со центарот „Лабораторија: култури, граници, родови“ и во соработка со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ учествуваа македонски и грчки професори. Преполн амфитеатар, многу емоции и солзи, но и доволно можности за афирмација на македонистиката на солунскиот Универзитет.

– И ние, овде, во Солун, тоа го докажавме. Оваа конференција, на која говориме на македонски јазик за македонскиот јазик, книжевност и култура се темели на некои претходни објави-настани. Меѓу другото, пред 99 години е објавен првиот буквар на македонски народен јазик за македонското национално малцинство во тогашна Грција под наслов АБЕЦЕДАР, подготвен од специјална комисија на тогашната грчка влада (Папазахариу, Сијакцис и Лазару), под меѓународно покровителство на „Друштвото на народите“ во Женева и отпечатен во Атина на лерински народен говор со специјално приспособена латинична азбука и со нагласено фонетски правопис. А сега, за првпат се случува конференција на олку високо ниво за перспективите за културна соработка на полето на македонскиот јазик. Не смееме да запреме тука! – рече Мојсова-Чепишевска.

Таа говореше за Кочо Рацин, Ацо Шопов, Блаже Конески, Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ. Таа потсети и на македонската книжевна и културна традиција и во претходниот период. Таа говореше на македонски, а паралелно одеше и преводот на грчки, кој за оваа конференција го направи професорката Александра Јоаниду.

Мојсова-Чепишевска потсети дека носител на идејата за македонската државност е Димитрија Чуповски, а носител на нормите за идниот македонски стандардизиран јазик Крсте Мисирков, при што до нивната примена, пред сè, во драматургијата се остварува преку Војдан Чернодрински и Марко Цепенков.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ахмети: ДУИ е ураган, не прифаќаме Македонците да бидат аги, а ние да бидеме слуги

Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Додека немаме...

Градот Тетово не е украсен за Нова Година-Општината немала пари.

Градот Тетово не е украсен за Нова Година. Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека празниците немаат ништо со верскиот аспект ниту националниот туку...

Граѓаните не гледаат дека има намалување во маркетите, освен на производите кои помалку се трошат

Граѓаните велат дека не гледаат дека е намалено нешто во маркетите. Велат дека има намалување само кај неколку производи од еден производител што помалку...

Високи гости од Турција во посета на општина Охрид

Градоначалникот на турската општина Тосја Кастамону, Волкан Каваклигил во придружба на Шенол Крабалтуоглу од Министерството за образование, денеска...