19.7 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаТрамп ја суспендираше американската помош за други држави!

Трамп ја суспендираше американската помош за други држави!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој ја презеде функцијата на 20 јануари, потпиша указ за привремена суспензија на сите американски програми за помош на други земји на 90 дена, објавено е на веб-страницата на Белата куќа.
Како што се наведува, во тој период ќе се изврши проверка за да се утврди дали оваа помош е во согласност со политичките цели на новата администрација.

<

„Соединетите Американски Држави во иднина нема да пружаат никаква помош на други земји што целосно не одговара на надворешната политика на претседателот на САД“, се наведува во декретот.
Исто така, се истакнува дека „американската странска помошна индустрија и бирократијата не им служат на американските интереси и во многу случаи се во спротивност со американските вредности“.

Како што пишува АП, странската помош на Соединетите Американски Држави во целина не изнесувала повеќе од еден процент од буџетот, освен во посебни случаи како што е поддршката за Украина. Стејт департментот во јануари објави дека од февруари 2022 година за воена помош на Украина се издвоени речиси 66 милијарди долари, а од 2014 година – речиси 70 милијарди.
Други земји кои добиваат американска помош се Израел (3,3 милијарди долари годишно), Египет (1,5 милијарди долари годишно) и Јордан (1,7 милијарди долари годишно). Тие земји добиваат помош како дел од долгорочни програми, па тешко дека декретот на Трамп ќе влијае врз нив, истакнува АП.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Предлогот на ССМ не е прифатен, работодавачите не биле подготвени да разговараат за минимална плата

Нема изгледи за зголемување на минималната плата во земјава на 500 евра и раст на останатите плати за 100 евра како што бараше Сојузот...

Жителка на Русиново со брза дојава спаси поголем пожар. Веднаш доби понуда за работа

Жителка на Русиново го дигна селото на нозе против огнената стихија Синоќа точно на полноќ кај месноста Св. Марко, во близина на селото Русиново, избувна...

Николоски: Доаѓаат инвеститори од ОАЕ, сопственикот на Бурџ Калифа и Дубаи Мол ги виде Скопје, Попова Шапка и Охрид

-Првпат ја отворивме Македонија натака, доаѓаат инвеститори тука, излезе и по социјаните мрежи, сопственикот на Бурџ Калифа и на Дубаи Мол веќе ги...

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено телото на 16-годишното девојче во реката Вардар

По шест дена интензивна потрага, денеска околу пладне во водите на реката Вардар е пронајдено телото на 16-годишната девојка која исчезна на 24 јули,...