22.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДанела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани инспектори на Град Скопје.
„Добар ден Министерство за внатрешни работи, би сакале да Ве информираме дека лицата кои пред извесно време им нанесоа тешки телесни повреди на инспекторите од град Скопје поради кои нашите вработени завршија во Ургентен центар, лицата кои извршија насилие со физички напад со метални шипки бидејќи беа фатени за креирање депонија и нејзино палење на улица Скупи, сеуште се на слобода.
Истата банда која повеќе пати е затекната во вршење на дела со кои ги загрозуваат животната средина и здравјето на граѓаните, си продолжуваат со своите активности континуирано дополнети со насилство и закани. Било кој друг да е фатен за истиве дела до сега експресно ќе беше изведен пред лицето на правдата и со судска пресуда казнет за тоа што не труе секој ден. Бидејќи по официјални пријави не се постапува, ги повикувам сите скопјани да го пријават настанот и да побараме правда!!!“, напиша Арсовска на социјалните мрежи.
Во моментов единствено е познато дека Арсовска некое време е во односи на натрпеливост со градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш.
Пред две недели беше објавено дека инспекциските служби на Град Скопје на терен откриле дека Дудуш создал нова дива депонија, поради што најавуваа кривична пријава.

<

Денеска на терен инспекторите на градот Скопје со асистенција на интервентна полиција, констатираа нови кривични дела на Курто Дудуш, при креирањето нова дива депонија за што е поднесена нова кривична пријава, со која дополнително се бара одговорност за загадувањето со канцерогени материи, со што Дудуш директно го загрозува здравјето на граѓаните на градот Скопје, беше објавено во соопштението на Град Скопје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...

Втор инцидент за два дена: “Параглајдерист виси на жици во с.Беранци- Битола”

Нов инцидент со параглајдер се случи вчера во селото Беранци, во близина на Битола. Според првичните информации, параглајдеристот завршил заглавен на електрични жици. Засега...