4.9 C
Ohrid
сабота, февруари 1, 2025
ПочетнаМакедонијаНа само 19 години имал разработано нарко шема, во два станови чувал...

На само 19 години имал разработано нарко шема, во два станови чувал дрога а имал и дилери…

spot_img

Кривичниот суд ја објави интегрално пресудата за Васил, возачот кој ја усмрти Фросина на пешачки кај Силбо. Васил претходно се гонел за кривични дела поврзани со дрога. Пресудата ја пренесуваме во целост интегрално.

<

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ

НА РСМ

ОСНОВНИОТ КРИВИЧЕН СУД С., како првостепен кривичен суд преку судијата Даниела Алексовска-Стојановска како претседател на совет и судиите поротници Весна Цветкоска и Милисав Таневски како членови на советот со записничар Маја Богатиноска, постапувајќи по обвинителниот акт со предлог за продолжување на мерката притвор на Основното јавно обвинителство С. КО.бр.1354/24 од 21.05.2024 година, против обвинетиот В.Ј. од С., за едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 ст.1 од КЗ и едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по чл.215 ст.1 в.в. чл.22 од КЗ, по одржаната главна, јавна и усна расправа, која започна на 24.07.2024 година, продолжи на 29.07.2024 година и заврши на 31.07.2024 година, во присуство на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство С., Ана Стојковиќ Димитровска, обвинетиот В.Ј., спроведен од КПУ Затвор С.-С. и неговиот бранител П.Н. адвокат од С., на 31.07.2024 година, го донесе и јавно објави следното

Р Е Ш Е Н И Е

ОБВИНЕТИОТ

В.Ј. со ЕМБГ … од татко …, мајка …, роден на … година во С., со адреса на живеење на …… бр…. С., со завршено средно образование, студент на А.К., Македонец, државјанин на РСМ, неосудуван, не се водат постапки за други кривични дела.

В И Н О В Е Н Е

ЗАТОА ШТО

На 29.03.2024 година, во станот на ул.„…“ бр…. во С., кој привремено го користел обвинетиот, неовластено заради продажба, држел наркотична дрога марихуана и кокаин, на начин што полициски службеници од НТ, при легитимирање на сведоците И.Н. од С. и М.Д. од С., поточно на паркинг просторот позади зграда …, пронашле кај истите паковки со растителна материја-марихуана, па откако сведоците посочиле од каде ги зеле, по добиена Наредба за претрес КПП бр.190/24 од 29.03.2024 година, од судија на претходна постапка при Основен кривичен суд С., во станот кој обвинетиот го користел се пронајдени 1-една ќеса во која има 14-четиринаесет зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од 1,24 грама, 1,19 грама, 1,38 грама, 1,31, грама, 0,58 грама, 1,14 грама, 1,22 грама, 1,28 грама, 1,27 грама, 1,14 грама, 1,21 грама, 1,27 грама, 1,21 грама и 1,17 грама и 2-две најлонски паковки со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со вкупна нето маса од 23,95 грама и 1-една паковка со бела прашкаста материја со нето маса 0,24 грама која претставува дрога кокаин, кои се одземени.
На 29.03.2024 година во станот на ул.„…“ бр…. во С., во кој привремено престојувала сега обвинетата Л.Ј., за која е раздвоена кривичната постапка, по претходен договор со обвинетиот В., заедно неовластено заради продажба држеле наркотична дрога марихуана и кокаин, на начин што откако обвинетата Л. излегла пред влезот од зградата и пришле сведоците И.Н. и М.Д. од С., па најпрво се доближила И. која и се обратила со зборовите „Еј Л. ти ли си“, а М. и се обратил со зборовите „За тоа што се договоривме со В.“, обвинетата им одговорила „Да, да“ и од џебот извадила една ќесичка со растителна материја со нето маса од 1,24 грама која претставува опојна дрога марихуана, по што пристапиле овластените службени лица и ја одзеле дрогата, а по издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд С., КПП бр.189/24 од 29.03.2024 година во станот во кој привремено престојувала обвинетата Л.Ј. на ул.„…“ бр…., се пронајдени: 1-една бела поголема најлонска ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 38,2 грама, 1-една поголема најлонска ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 12,8 грама, 1-една најлонска ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 101,0 грама, 1-една помала бела ќеса со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 24,6 грама, 2-две најлонски ќеси од кои едната со 33-триесет и три зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од по 0,82 грама до 1,34 грама, а другата со 35-триесет и пет зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од по 1,15 грама до 1,38 грама или сите со вкупна нето маса 83,90 грама, 1-една хартиена кутија во облик на срце со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со нето маса од 18,8 грама или се со вкупна нето маса од 279,3 грама наркотична дрога марихуана, како и 1-една зипер ќесичка со бела грутчеста материја со нето маса од 16,43 грама која претставува дрога кокаин и 2-две дигитални ваги со остатоци од наркотична дрога кокаин и марихуана, кои со потврда за привремено одземени предмети се одземени од обвинетата.
Со горните дејствија обвинетиот В.Ј., сторил едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсории од чл.215 ст.1 од КЗ и едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсории од чл.215 ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ, па согласно овие одредби и членовите: 4, 6-а ст.2, 29, 30, 31, 32, 39, 40, 41 и 44 од КЗ, како и членовите 21, 39, 40, 48, 60 и 71 од Закон за правда на децата, судот му изрекува воспитна мерка:

ЗАВОДСКА МЕРКА

УПАТУВАЊЕ ВО ВОСПИТНО-ПОПРАВЕН ДОМ Т.

Согласно чл.48 ст.3 и ст.4 од Законот за правда на децата, обвинетиот во воспитно поправниот дом останува најмалку 6-шест месеци, а најмногу 5-пет години, односно до наполнети 23 години, поточно најмногу до 12.08.2027 година.

Согласно чл.48 ст.4 од Законот за правда на децата, времето поминато во притвор на обвинетиот В.Ј., сметано од 02.04.2024 година до 31.07.2024 година, се засметува во времетраењето на заводската мерка -Упатување во воспитно поправен дом.

Согласно чл.102 и чл.105 ст.1 од ЗКП, СЕ ЗАДОЛЖУВА обвинетиот В.Ј. од С. да плати на име судски паушал износ од 5.000,00 денари на жиро сметка број 100000000063095, сметка на буџетски корисник 2901000973, единка 631, корисник 10, приходна шифра 724132, програма 20, начин 2, примач Основен Кривичен суд С., депонент НБРСМ, согласно чл.102 ст.2 т.6 од ЗКП, како и да ги надомести трошоците на постапката, така што да плати износ од 3.233,00 денари на име трошоци за спровод на глава расправа од 29.07.2024 година и износ од 3.240,00 денари за спровод на главна расправа од 31.07.2024 година, согласно два трошковника-профактура од КПУ Затвор С.-С., а солидарно со обвинетата Л.Ј., за која е раздвоена кривичната постапка, да ги надомести и трошоците во вкупен износ од 10.160,00 денари, од кои износ од 3.000,00 денари на име трошоци за увид, превозни и други трошоци за службени лица, согласно два трошковника од Министерството, Секторот С., Одделението за К.Т., како и трошоците за спровод од КПУ Затвор С.-С. пред ОЈО С. на 16.04.2024 година во износ од 3.920,00 денари и трошоците за спровод на глава расправа од 24.07.2024 година, во износ од 3.240,00 денари, согласно два трошковника-профактура од КПУ Затвор С.-С., се во рок од 15 дена од правосилноста на пресудата, а под страв на присилно извршување.

Согласно чл.215 ст.7 од КЗ, од обвинетиот В.Ј. СЕ ОДЗЕМААТ: 1-една платежна картичка „Visa“ на име на обвинетиот В.Ј., 1-една ќеса во која има 14-четиринаесет зипер ќесички со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со поединечна нето маса од 1,24 грама, 1,19 грама, 1,38 грама, 1,31, грама, 0,58 грама, 1,14 грама, 1,22 грама, 1,28 грама, 1,27 грама, 1,14 грама, 1,21 грама, 1,27 грама, 1,21 грама и 1,17 грама и 2-две најлонски паковки со растителна материја која претставува опојна дрога марихуана со вкупна нето маса од 23,95 грама и 1-една паковка со бела прашкаста материја со нето маса 0,24 грама која претставува дрога кокаин, одземени со Потврда за привремено одземени предмети од Министерството, Секторот, С. бр.23.21.15.1-62 од 29.03.2024 година.

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Основното јавно обвинителство С. до овој суд поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор XIII КО.бр.1354/24 од 21.05.2024 година, против обвинетиот В.Ј. од С., за едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсории од чл.215 ст.1 од КЗ и едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанции и прекурсории од чл.215 ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ и против обвинетата Л.Ј. од С., за едно кривично дело–Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни суспстанции и прекурсори по чл. 215 ст.1 в.в. со чл.22 од КЗ. Врз основа на обвинителниот акт на ОЈО С., во кривичната писарница при овој суд е оформен кривичен предмет VI К.бр.1378/24.

Судот постапувајќи по погорецитираниот обвинителен акт, закажа главна, јавна и усна расправа на ден 24.07.2024 година, која се одржа во присуство на Јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство С., Ана Стојковиќ Димитровска, обвинетиот В.Ј., спроведен од КПУ Затвор С.-С., неговиот бранител – адвокат О.М. од С., обвинетата Л.Ј., спроведена од КПУ Затвор С.-С. и нејзините бранители В.С. и Д.П., двајцата адвокати од С.. На одржаната главна, јавна и усна расправа, по воведниот говор на Јавниот обвинител, обвинетата Л.Ј. согласно чл.381 ст.1 од ЗКП, даде изјава за признавање на вина, со која децидно, категорично и недвосмислено потврди дека го сторила предметното кривично дело за кое се терети, а обвинетиот В.Ј., даде негативна изјава за признание на вина, поради што судот по испитување на ЈО од ОЈО С., во смисла на чл.29 од ЗКП, донесе решение, со кое ја раздвои кривичната постапка, која спрема обвинетата Л.Ј. продолжи под веќе оформениот број на предмет, а спрема обвинетиот В.Ј., постапката продолжи откако во кривичната писарница на овој суд беше оформен нов кривичен предмет, на кој му беше доделен нов работен број К.бр.1439/24.

Застапникот на обвинението во завршен збор наведе дека доказите изведени на главната расправа од страна на ОЈО, имаа за цел да ги потврдат наводите во обвинителниот акт од причина што во обвинителниот акт се содржани две кривични дела за кои се обвинува В.Ј., а за кои истакна дека ќе се осврне преку анализа на доказите за секое дело поединечно. Во однос на кривичното дело под т.1 каде на товар му се става дека во стан на ул.”…” неовластено држел заради продажба наркотична дрога која е наведена поединечно по вид и количина, застапникот на обвинението истакна дека постои разлика во анализата на доказите помеѓу ОЈО и одбраната меѓу клучните факти. Имено, за ова кривично дело неспорно е дека на 29.03.2024 година е направен претрес во просториите во станот на бр…., на оваа улица и од таму е одземена наркотичната дрога марихуана во вкупна количина од 23,95 гр. и една паковка бела прашкаста материја која со вештачењето произлегува дека е кокани во нето маса од 0,24 гр. кокаин. Благодарение на исказите на сведоците И. и М. се доби реконструкција за тоа што се случувало критичната вечер пред и по претресот на наведениот стан, па така исказите на сведоците во делот дека тие земале наркотична дрога марихуана од станот и потоа биле пресретнати од ОСЛ, на чие прашање од каде ја набавиле дрогата им го покажале предметниот стан. Овој дел од исказот го следат и материјалните докази и тоа потврда за привремено одземени предмети за една паковка од И.Н. и две паковки од сведокот М.. Од записник за претрес на дом и други простории бр.23.21.15.1-390 од 29.03.2024 г., ЈО истакна дека исто така неспорно произлегло дека при претресот извршен на ул…. бр…., е одземена и платежна картичка ВИЗА на име на В.Ј.. Што е спорно во овој кривично правен настан во смисла на докажување на кривичното дело, се прашањата кој е држател на станот, односно кој ја држал наркотичната дрога за продажба. Кој е држател е фактичко прашање кое што се утврди преку исказите на сведоците и иако тие беа конфузни, на моменти противречни сами на себе, во моменти спротивни на исказите дадени пред ОЈО во некои делови, сепак застапникот смета дека она што може да се извлече како заклучок е дека В.Ј. критичниот период располагал со предметниот стан во смисла дека го држел. Ова не произлегува само од исказите на сведоците, туку е потврдено токму и од обвинетиот, дека е пронајдена и одземена платежна картичка од тој стан, а исто така е поткрепено и со цитираната забелешка каде е наведено „Пронајдените предмети, предметните лица М. и И. појаснуваат дека се на држателот на станот В.Ј.“. ЈО истакна дека сведокот И. се обидуваше да прикаже дека станот е на сите заедно и на никој посебно, но како од нејзиниот исказ, така и од исказот и на другиот сведок, тие кажуваа дека го прашувале за дозвола токму обвинетиот В., дали може да влезат во станот и дали може да земат од наркотичната дрога, при што и двајцата не негираа дека предметната наркотична дрога е всушност на В.. Анализирајќи ја теоријата на одбраната, според застапникот на обвинението, нивната интенција била дека В. не ја продавал дрогата, туку ја држел за сопствена употреба и од неа другарски им давал на уживање на другите деца, 19 годишни, но сепак млади, како и на сведоците И. и М.. Па оттука, за размислување е спорното прашање дали предметната дрога била држена за продажба. Обвинетиот во својот исказ исто така се обиде да прикаже дека не само тој, туку и неговиот другар Н., заеднички го држеле предметниот стан, меѓутоа ова не наоѓа поткрепа во ниту еден материјален или вербален доказ и според застапникот наобвинението треба да се отфрли како неосновано. Од друга страна пак, ЈО истакна дека потребно е да се цени судската пракса на овој суд, како и на сите судови во РСМ, дека пршањето дали наркотичната дрога е за продажба, тесно е поврзано со количината на истата и начинот на кој таа е пакувана, па во таа смисла ако се земе во предвид фактот дека во предметниот стан наркотичната дрога марихуана била пакувана во 14 зипер ќесички и во две други најлонски ќесички во вкупна грамажа од 23,95 грама, меѓутоа секое поединечно пакување има апроксимативно од 1 грам, 1,58 до 1,28 грама, што доведено во корелација со исказот на сведокот М. дека не му е познато колку е потребно за конзумација, дека една паковка се смета од 1 грам, неспорно произлегува заклучокот дека ваквата наркотична дрога била држена за продажба. Обвинетиот во својот исказ се обиде да прикаже дека заедно со неколку другари давале по 500,00-600,00 денари и си набавувале наркотична дрога заради нивно уживање и уживање на нивни пријатели, но и ваквата одбрана не наоѓа поткрепа заради тоа што ако се земе во предвид дека количината на 0,5 грама марихуана цената се движи од 300,00-500,00 денари и да се земе за точно дека тие 4-5 луѓе со нивните 500,00-600,00 денари набавувале дури 10 грама марихуана, а сепак тоа е различно од пронајдените скоро 24 грама и останатата количина на кокаин. Ова во корелација со фактот што обвинетиот е многу млада личност од 19 години, невработен, па се стекнува заклчучок дека ваквата одбрана е нереална спротивна на животната ситуација, бидејки сите тие млади луѓе кои се невработени не би можеле да набавуваат толкава количина на дрога одеднаш за свое сопствено уживање, ниту пак да се проверува дека обвинетиот е невработен, таквата количина на дрога без никаков надомест ја раздавал на другарите. Оттука, имајќи ги предвид сите изведени докази, неспорно се наметнува едниствениот заклучок кој упатува дека надвор од разумно сомнение обвинетиот В. наркотичната дрога пронајдена на ул…. ја држел заради продажба.

Во однос на второто кривично дело опишано под т.2 во диспозитивот на обвинителниот акт на ОЈО, застапникот на обвинението истакна дека исто така на главната расправа се изведени доволно докази кои ги потврдуваат наводите на обвинението. Теоријата на одбраната за ова кривично дело е дека, обвинетиот В. немал никаква врска со обвинетата Л., освен што купувал од истата наркотична дрога. Одбраната тврдеше дека тој немал никаква друга соработка со неа, туку за свое уживање од истата купувал наркотична дрога, а често пати за возврат наместо да и плаќа и го шетал клучето и и помагал во други работи. Сепак материјалните докази доведуваат до поинаков заклучок. Имено, во записникот за претрес на дом и други простории бр.23.21.15.1-56/391 од 29.03.2024 година, за претрес извршен на ул.”…” бр…., во стан кој што повторно не е сопственост туку само држен од обвинетата Л.Ј., поименично се наведени видот и количина на наркотична дрога одземени од тој стан, а со потврдата за привремено одземени предмети, од обвинетата Л.Ј. е одземена една зипер ќесичка, кое според ЈО го потврдува делото, а од исказите на сведоците се утврдува како е дојдено до претресот на конкретниот стан.

Од извештај од вештачење ТД 3235/24 при анализа на дрога на траг означен со бар код NTD 24669205199-7, ЈО истака дека произлегува дека материјата во полиетиленска ќесичка со 33 зипер ќесички со растителен материјал спакувани поединечно, со вкупна нето маса од 39,87 грам пронајдена и одземена од стан на ул.”…”, претставува наркотична дрога марухуана. Од извештај од вештачење ДКТ 496/2024 произлегува дека трагот со бар код NTD 24669205199-7 предизвикан од траг од папиларни линии на проѕирна најлонска ќеса за замрзнување (7-5-1), во која имало 33 мали зипер ќеси, кои во вештачењето се означени како Л6, Л7, Л8 и Л9, се всушност траги од папиларни линии идентификувани со отпечатоци од обвинетиот В.Ј. и тоа Л6 од показалец на лева рака, Л7 од дланка на лева рака, а Л8 и Л9 траги кои потекнуваат од палецот на десната рака од обвинетиот В.Ј.. ЈО истакна дека, овие анализи докажуваат дека, отпечатоци од рацете на В.Ј. се најдени на ќесата каде има поединечно спакувани 33 ќесички со наркотична дрога марихуана во станот кој го држела обвинетата Л.. Ова секако е во спротивност кон наводите на одбраната дека В. само купувал од Л., а не и дека продавал заедно со неа, инаку зошто би имал потреба да држи толкава количина на дрога и тоа во нејзиниот стан. Од друга страна пак, ЈО истакна дека овој материјален доказ е на иста линија со сведочењето на сведокот И., која иако на главна расправа се обиде да го ретерира она што го кажала на записник пред ЈО, од чиј што исказ произлегува дека на истата и било познато дека В. соработува со Л. во друг стан и дека таму ја пренел цела роба, па од тие причини во станот на ул.”…” останало помала количина на дрога. Наводите на обвинението дека обвинетиот В. соработувал со обвинетата Л. за дрогата која е пронајдена во станот кој е наведен во обвинението, во својот исказ го потврди и сведокот М. кој пак вели дека на него му било познато дека обвинетите В. и Л. соработувале во продажба на наркотичната дрога. Застапникот на обвинението истакна дека сепак, не е од помало значење и фактот што обвинетата Л. пред овој судски совет призна вина дека токму таа, заедно со обвинетиот В. ја држеле наркотичната дрога пронајдена и одземена од станот на ул.”…”, за продажба.

Имајќи ги предвид сите овие докази застапникот на обвинението смета дека тие упатуваат на заклучок дека обвинетиот В. е виновен и за кривичното дело под т.2 од обвинителниот акт. ЈО истакна дека, кога се разгледуваат околностите под кои се случени двете кривични дела, неизбежно е да се забележи начинот на извршување кај двете, скоро идентичен и соодветствува со тоа како се соочуваме ние како систем за ова кривично дело во поново време. Имено, наркотичната дрога неслучајно се држи во станови кои не се ниту сопственост, ниту формално под закуп на обвинетите, ниту пак некој од конзументите доаѓа во становите внатре, со единствна цел да не би можело обвинетите да се поврзат со становите во кои наркотичната дрога се држи заради продажба и тоа како и во овој случај останува да биде фактичко прашање да се решева пред судот. Меѓутоа истиот овој факт говори дека на обвинетиот му било добро познато за противправноста на дејствијата кои ги преземал. Истрајноста во истите, држење наркотична дрога, не во еден туку и во уште еден друг стан ја оформува неговата свесност односно намера да се занимава со држење на наркотична дрога, заради продажба кое што е основен елемент на ова кривично дело.

При одмерување на видот и висината на санкцијата, ЈО истакна дека судот би требало да ја цени личноста на обвинетиот која за жал во овој предмет е контрадикторна во смисла на неговата возраст, општествен статус и држење пред судот. ОЈО има сознанија дека тој неколкку пати пред настанот е прегледуван и му е одземана наркотична дрога која се третирала за употреба, но и во еден наврат и тоа од ПМВ кое го управувал му била одземена и вага. Застапникот на обвинението истакна дека со неприфаќање на признание за вина обвинетиот всушност ја пропушти можноста доброволно да ги прифати последиците од своето однесување и со тоа да не убеди нас како претставници на системот, особено судот, дека го сфатил значењето на своите постапки и дека е подготвен да преземе одговорност. Напротив, во текот на целата главна расправа тој покажа манипулативно однесување и негирање на материјалните докази, а манипулативно однесување и кон вербалните докази. Од друга страна неспорно е дека обвинетиот е многу млад и до сега не бил во судир со законот, па во овој комплексен предмет најмногу заради возраста на обвинетиот и фактот што потекнува од современо функционално семејство, на судот му останува задачата да определи најдобра санкција, со која ќе му се влијае на обвинетиот да сфати дека преземал противправни дејствија, но најмногу санкција со која ќе му се влијае на обвинетиот да во иднина го поправи своето однесување и да се врати на прав пат.

Бранителот на обвинетиот, П.Н. адвокат од С., во завршен збор наведе доколку се анализира обвинителниот акт, произлегува дека обвинетиот В.Ј. е обвинет за две кривични дела- Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супатаци и прекурсори по член 215 став 1 од КЗ, од кои за второто кривично дело е обвинет заедно со сега неправосилно осудената Л.Ј.. Доколку пресудата на второбвинетата Л.Ј. веќе станала правосилна, во делот кој се однесува на точка 2 од обвинението, каде што обвинетиот В.Ј. е опфатен како соизвршител, од една страна има утврдена фактичка состојба за тој дел, а од друга страна изведените вербални докази во оваа постапка на кои се темели и тој дел од обвинението, а кои вербални докази се дадени искази од страна на сведоци на обвинителството, кои сведоци самото обвинителство при нивниот распит на главна расправа ги прогласува за непријателски сведоци. Сето ова говори дека евентуалната утврдена фактичка состојба во делот од обвинението од точка 2 за обвинетиот В.Ј. се темели на исказ на лице кое имало интерес да даде признание со цел да има повластена положба во овој предмет и на искази на сведоци кои од страна на обвинителството се прогласени за непријателски и кои на главна расправа посочиле дека од обвинетиот В.Ј. не купувале наркотични средства. Тоа произлегува и од исказот на И.Н., но исто така и од исказот на М.Д.. ОЈО С., определувајќи ја правната квалификација за овој кривично-правен настан претендира на обвинетиот В.Ј. да му стави на товар две кривични дела по член 215 став 1 од КЗ, притоа освен вербалните докази, се обидел тоа да го докаже и со фотодокументација, потврди за привремено одземени предмети, сите од 29.03.2024 година, записник за извршен претрес на лице, превозно средство или багаж од 29.03.2024 година, наредба за претрес на дом и други простории од 29.03.2024 година, издадена од Основениот кривичен суд С., извештај од вештачење изготвен од Министерството на РСМ, Бирото и потврда од казнена и кривична евиденција на обвинетиот В.Ј.. Од казнената евиденција на обвинетиот В.Ј., произлегува дека ова лице не е евидентирано во казнената евиденција како сторител на други кривични дела, ниту против него се водат други постапки. Останатите докази предложени од ОЈО и тоа, фотодокументацијата како и потврдите за привремено одземени предмети, ниту една не се однесува на обвинетиот В.Ј., туку се однесуваат на лицата кои биле сослушани како сведоци во постапката. Извештајот од вештачење е изготвен од Министерството на РСМ, Бирото, поточно од оној орган кој за водел предистаргата. Како долгогодишен адвокат, познато му е дека нејголемиот дел од вештачењата во кривичните постапки, особено оние кои се однесуваат на утврдување на било какви податоци, папиларни линии, ДНК итн, кои се однесуваат на утврдување на идентитет на лица, се уште ги врши Министерството, но се поставува прашањето дали концептот на Законот за кривична постапка, кој оваа постапка ја дефинира како контрадикторна, може да се темели на вештачење изготвено од страна на некој што учествува во фазата на предистрага, ова ако се има во предвид дека вештачењето согласно ЗКП треба да биде изготвено стручно и непристрасно и кое ќе се заснова на знаења со кои судот не располага, дотолку повеќе што и други правни субјекти го вршат тој тип на вештачења. Одбраната нема сомнение за стучноста на органот кој го изготвил ова вештачење, но секако по природата на работата се сомнева во непристрасноста на овој извештај токму од наведените причини. Бранителот истакна дека, видно од обвинителниот акт, ОЈО претендира да докаже дека обвинетиот В.Ј. како сторител на кривично дело нормирано во член 215 став 1 од КЗ, користел два стана, во кои чувал одредена количина на наркотични средства заради продажба, кои биле во близина на одредени угостителски локали, кои ги посетуваат претежно млади луѓе и дека истиот од едниот стан самостојно, а во другиот заедно со обвинетата Л.Ј., оваа количина на наркотични средства ја пуштале во промет. Во кратки црти ова е теорија на случај на ОЈО, но доколку овие дејствија на извршување наведени во обвинителниот акт се споредат со изведените докази во текот на постапката, особено оние докази кои се однесуваат на обвинетиот В.Ј., би се заклучило дека станува збор за поприлично амбициозна теорија на случај, која според одбраната, не се темели на правно релеванти факти и докази кои би ја докажале вината на обвинетиот В.Ј..

Според бранителот, ОЈО не успеало да докаже дека кај обинетиот В.Ј. е пронајдена било каква количина на наркотични средства и психотропни супстанци, во списите на предметот на постоела потврда за привремено одземени предмети со која се потврдува дека од В.Ј. е одзмена било каква количина на наркотична дрога, особено не поголема количина на наркотични средства и психотропни супстанци која количина би можела да се смета како количина за продажба, ниту пак кај обвинетиот В., кој е на возраст од неполни 20 години, не бил пронајден износ на парични средства кој би потекнувал од продажба на наркотични средства. ОЈО не приложило правно релевантен доказ од кој со сигурност ќе се утврди дека становите во кои наводно ја чувал дрогата, која служела за продажба на било каков начин се поврзани исклучиво со В.Ј., кој во тој контекст би можел да се именува како држател на простор за складирање на поголема количина на наркотични средства која би служела за продажба. Според наведеното, одбраната заклучува дека, на обвинителството му недостасуваат докази од таков карактер за да докаже дека обвинетиот В.Ј. е трговец со наркотични средства и психотропни супстанци. Од друга страна од оние докази на кои се темели обвинителниот акт од точка 1, исклучиво сведоците И.Н. и М.Д., а за точка 2 овие два сведока и обвинетата Л.Ј., доколку истите се анализираат ќе се дојде до еден заеднички именител, а тоа е дека сите тројца кај кои впрочем и е најдено одредено количество на наркотични средства, во своите искази не настапуваат како сведоци кои даваат свои непоредни сознанија за одреден настан или сторител, напротив нивните искази наликуваат на давање одбрана, ова особено се однесува на исказите дадени во истрага, а во еден дел и на исказите дадени на главна расправа. Така по однос на исказот на сведокот М.Д., на прашање на обвинителот на рочиштето за главна расправа одржано на ден 24.07.2024 година, тој вели ни ги земаа паковките и се договоривме со полициските службеници да соработуваме за да нема пријава за нас. Веднаш се поставува прашањето овој сведок на што ја темели опасноста да има пријава за него и И.Н., а исто или слично е сведочењето и на сведокот И.Н., која на прашање на одбраната-во делот од вашите одговори наведовите дека кога заедно со М. и полицијата сте и пристапиле на Л., М. и се обратил со зборовите дека вие сте тие кои што со В. договориле петче, ќе се сложите со мене, ова било измислица, на кое сведокот И. одговара тоа беше измислица за да ние си ја олесниме работата. Бранителот истакнува, која работа да си ја олеснат сведоците , доколку не сториле ништо.

Бранителот истакна дека во точка 1 од обвинителниот акт на обвинетиот В.Ј. му се става на товар дека во станот на ул.”…” бр…. С., кој привремено го користел, неовластено заради продажба држел наркотична дрога, марихуана и кокаин. Во овој дел од обвинението, обвинителството не се обидело да докаже врз основа на кои факти и докази произлегува дека тој стан привремено го користел обвинетиот и што тоа привремено значи како термин во временска смисла и врз основа на кои докази утврдил дека токму В.Ј. неовластено заради продажба во тој стан држел наркотична дрога, марихуана и кокаин. Сето ова обвинителството во текот на оваа постапка се обидело да го докаже со сведочењето на сведоците И.Н. и М.Д.. По однос на фактот чиј бил станот на ул.”…” бр…. С., бранителот се повика на исказот на сведокот М.Д., кој на прашање на Јавниот обвинител, изјавил дека станот бил отклучен и празен и немало лица и дека тогаш В. бил во друг град, односно во О.. На оваа околност и сведокот И.Н. изјавила „станот никогаш не бил платен, знам дека луѓе работеле како преизнајмување на станови, кога некој ќе отиде во странство“, а наведеното го дознала од лицето Д., од кој што дознала дека тие си седеле во станот и истиот и дал клуч од станот, поточно станот имал сандуче со пин и тие сите како друштво го користеле станот и сите го знаеле пинот. Оттука, според одбраната, можело да се заклучи дека, обвинителството описот на дејствието од точка 1 од обвинителниот акт го темели на претпоставки кои не произлегуваат ниту од исказите на сведоците, ниту пак тоа произлегува од некој друг доказ во форма на формален акт-договор, преддоговор, плаќање, поседување на клуч или било кој друг посреден или непосреден доказ кој би упатувал на фактот дека токму В.Ј. во моментот на извршениот претрес е законит држател на тој стан. Оттаму, за одбраната индикативно е на чие има гласела наредбата за претрес на стан, па бранителот смета дека овој факт и на судот ќе му даде одговор по однос на тоа дали В.Ј. имал било каква формална или неформална поврзаност со станот на ул.”…” бр…. С..

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мвр го пронајде сторителот: Скопјанецот бил прегазен од 42 годишна жена со ПМВ Цитроен.

На 31.01.2025 во 17.30 часот во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје е пронајдена и лишена од слобода С.В.М.(42), затоа што...

Апасиев за Фросина: Немој да се чудите кога во блиска иднина некој родител ќе ја земе правдата во свои раце.

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, преку Фејсбук статус жестоко го критикуваше Кривичниот суд, обвинувајќи го дека создава култура на неказнивост. „Кривичниот суд се брани...

Пешакот кој беше прегазен вчера, побегнал од болница.

Денеска во 13:54 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ патничко возило „Цитроен“ удрило во машко лице, по што возачот...

Мајка која ја дели истата судбина со родителите на 22-годишната Фросина- „Мојот син исто го уби пијаница”

Одговорност и правда денеска побараа граѓаните што во голем број се собраа на мирен протест на булеварот „Партизански одреди“, симболично на местото каде што...