24.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаМакедонијаУбиецот на Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла

Убиецот на Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Судовите и Судскиот совет да го преиспитаат целиот случај со прерано загинатата Фросина, повика министерот за правда Игор Филков. Тој информираше дека судијката Даниела Алексовска – Стојановска која за предметот со кокаин и марихиуана 20 годишниот Васил Јованов го испратила во Поправен дом повеќе нема да биде член во двете работни гурупи за Кривичниот законик.

<

Ја разрешил за да не се дискредитира процесот за суштински реформи во правосудството.

Министерот ги повика политичките чинители да не го злоупотребуаат овој несреќен случај за дневно политички цели а смета дека правосудниот систем мора да се менува.

СМЕТАМ ДЕКА Е КРАЈНО ВРЕМЕ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ДА ПОКАЖАТ ДЕКА СЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ПРЕЗЕМАТ МЕРКИ СО ЦЕЛ ЛОЦИРАЊЕ НА ВИНОВНИЦИТЕ И ЕВЕНТУАЛНА ОДГОВОРНОСТ. ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА СЕ УТВРДИ И ТУКА НЕМА КОМПРОМИСИ. ГРАЃАНИТЕ ОЧЕКУВААТ ПРАВДА А ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ ДОЛЖНИ ДА ЈА ИСПОРАЧААТ, БРЗО, ПРАВИЧНО И ТРАНСПАРЕНТНО, ИЗЈАВИ ФИЛКОВ.

Пред повикот на министерот, утрово претседателот на Судски совет Камбовски рече дека будно ги следат случувањата, но не сакаше да прејудицира кои следни чекори ќе ги преземат. Додека не го види целиот предмет не сака да го коментира одучувањето на судијката, дали преблаго го казнила.

СИГУРНО ДЕКА ЌЕ СЕ РАЗГЛЕДУВА, СЕКАДЕ КАДЕ ШТО ИМА ПРОПУСТ ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА. СИТЕ СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО. НЕ ПОЗНАВАМ НИКОЈ ШТО СЕ СОГЛАСУВА СО ВАКВИ СОСТОЈБИ ДА НИ СЕ СЛУЧУВААТ, РЕЧЕ КАМБОВСКИ.

Државниот обвинител Коцевски денеска ја уверуваше јавноста дека ќе има ефикасна постапка и ќе бараат најстрога казна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...

Орце Ѓоргиевски: Најголемата шанса во политиката ми ја даде Мицкоски и Бог.

Во поткастот на ТВ Сител, кандидатот за градоначалник на Скопје Орце Ѓоргиевски вели дека најголемата шанса во политиката му ја дале Мицкоски и Бог. Тој...

Радикален Ислам се шири во Идризово – бројките растат, вели Пандов

Директорот на Управата за извршување санцкии, Александар Пандов, во поткастот „Претрес со Ландов“ призна дека се шири радикален Ислам во шестото крило во Идризово....

Владата и „Македонија2025“ со кампања ги повикуваат иселениците да се вратат

Организацијата „Македонија2025“, во партнерство со Владата на Република Македонија, започна кампања под мотото „Македонска дијаспоро, врати се повторно дома“. Целта на оваа иницијатива е...