21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЛицето кое ја уби сестра ми на пешачки е на слобода, родителите...

Лицето кое ја уби сестра ми на пешачки е на слобода, родителите од мака се преселија од Македонија, открива братот на Верче Белчовска!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мојата сестра Верче Белчовска почина на само 20 години, прегазена на пешачки премин во Струмица, од лице кое тогаш имаше 18 години и побегна од местото на настанот. Потоа, истиот се пријавил во полиција, беше осуден на срамна затворска казна од 15 месеци, која под притисок на јавноста беше зголемена на 30 месеци. Сега веќе, тој е на слобода и си продолжува со својот живот, за ,,Фокус” раскажува Мартин Белчовски, брат на Верче, чиј живот заврши во април 2021 година.

<

Девојката која по потекло е од Русиново, Берово, со родителите се преселила во Струмица, во потрага по работа и подобар живот. Беше покосена на пешачки премин, а потоа со внатрешни крварења во мозокот беше пренесена на Ургентниот центар на КАРИЛ, каде беше оперирана. Откако лекарите утврдиле мозочна смрт, нејзиното семејство се согласи да ги донира органите, а срцето на девојката му го продолжи животот на 22-годишниот Иле Стрезоски од Брвеница. Нејзините органи, исто така, спасија животи на уште десеттина пациенти. Помеѓу нив беше и 19-годишен пациент кој се лекуваше од малиген тумор на коска, и кој доби здраво коскено ткиво.
Нашите родители повеќе не можеа да останат овде, не можеа да продолжат со живот во една ваква земја, каде на правдина бевме буквално прегазени, сите ние, целото семејство. Заедно со сестра ми се преселија во странство. Јас со мојата сопруга и детенцето останав во родното Русиново, но тешко е, на сите ни е тешко и таа болка и чувство на неправда не притиска секој ден. Нема заборав, нема простување, останавме да живееме со горчина, раскажува Мартин за Фокус.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...