2.8 C
Ohrid
вторник, април 8, 2025
ПочетнаМакедонијаДоктор од Прилеп, после 11 години работа во Германија, се врати во...

Доктор од Прилеп, после 11 години работа во Германија, се врати во Македонија..

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Златко Јаков, специјалист по општа хирургија кој десет години работел во Прилеп, по 11 години работа во Германија како лекар, се вратил во Македонија и скоро три месеци помага на хируршкото одделение во прилепската болница.

<

Работев 10 години во Прилеп, 11 бев години во Германија. Планот беше да се вратам. Се створија услови, си дојдов. Скоро три месеци помагам на ова одделение, на хирургија, со дежурства, во моето слободно време, а чекам официјално да бидам преземен и да почнам да работам со новата апаратура. Позната ми е, имам искуство, изјави денеска д-р Јаков пред новинарите кои присустуваа на промоцијата на два нови .медицински апарати и тоа лапароскопски столб за уролошко одделение и артроскопски столб за ортопедски одделение со 4К резолуција.

Станува збор за лапароскопски столб со кој ќе се работат два типа на операции: лапароскопски и ендоуролошки.
На прашањето што е она што го натерало да се врати дома, тој одговори:

Задоволството да се работи со свој народ, да се покаже стручноста која се стекнала, да се примени и да се сподели со колегите. Нормално, сите други предности кои ги нуди татковината. Парите се доволни, тој стил на живот, задоволува оваа плата. Влечењето е големо кон сопствениот дом. Јас сум преблагодарен, од Германија може да кажам го земав најдоброто и сакам да го прикажам тука. Овде се компензира со индивидуалност, со натчовечки напори, со вредности кои сите ни ги препознаваат кога ќе појдеме надвор, коку сме посветени, добри. Организацијата е таа што ги движи работите напред. Повеќе од убеден сум дека може да се организираме, гледам луѓе кои се вредни, компетентни, останале тука, значи верувале во нешто. Немајте дилема, никој не е подобар од нас, дури и обратно можам да кажам, штом од нас зависат, ние одиме таму, многу работиме, многу сметаат на нас, не е можно дома да не се организираме и да бидеме добри исто така, изјави денеска пред новинарите д-р Јаков.

Кире Јоноски, директор на прилепската болница изјави дека на сите одделенија треба да се вратат по еден, двајца доктори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца

Родителите на децата од Кочани низ солзи им се заблагодаруваат на лекарите и на бугарскиот народ за грижата за нивните деца повредени во трагедијата...

Битолчанец цела година крадел струја, Од ЕВН велат дека се оштенети за 9 милиони денари !!!

СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против правно лице од Битола и В.П. (50) од Скопје, управител на правното лице,...

Честитка на градоначалникот Пеаков по повод Меѓународниот ден на ромите

По повод одбележување на Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април, градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до сите припадници на ромската заедница во градов. –...

Гоце Делчев Тодев: Полицискиот службеник кој алармирал дека дискотеката „Пулс“ е небезбедна

Ако и со трагедијата во Кочани излезе дека е виновен некој функционер од пред десет години, а сегашните не се, значи ние имаме проблем...