21.9 C
Ohrid
сабота, јуни 7, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски: Преку нашата земја, САД може да конкурираат на Кина

Мицкоски: Преку нашата земја, САД може да конкурираат на Кина

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски, на Конференцијата за конзервативна политичка акција (CPAC) во Вашингтон зборуваше за важноста на стратешкото партнерство со САД, значењето на земјата во енергетската инфраструктура на Европа и конкуренцијата со рускиот гас преку нови енергетски проекти.

<

„Се разбира, ние сме под силен финансиски притисок што доаѓа од таа земја (Кина), но единствената загатка што им недостига во нивниот економски мозаик е токму мојата земја. Зошто мојата земја? Бидејќи е природен пресек на два многу важни паневропски коридори – Коридорот 8 и Коридорот 10. Коридорот 10 ја поврзува Јужна Европа, практично Грција и пристаништата од Грција со Централна и Западна Европа, а Коридорот 8, вториот најважен коридор за НАТО, го поврзува Црното со Јадранското Море. Практично, двата коридора се вкрстуваат на територијата на мојата татковина,“ изјави Мицкоски.

Тој додаде дека американските инвестиции во Македонија се значајни за балансирање на азиското економско влијание:

Бидејќи сме стратешки партнери со Соединетите Американски Држави, би сакал да поздравам што е можно повеќе инвеститори и американски бизниси во мојата земја. Тоа ќе биде голема конкуренција на овие азиски гигантски компании кои се веќе присутни во регионот,“ потенцираше премиерот.

Гасоводот со Србија како американски одговор на рускиот „Јужен тек“
Мицкоски ја истакна и важноста на новите енергетски проекти:„

Ќе почнеме да го градиме северниот интерконектор со Србија и практично да го користиме терминалот Александропулос, додека американскиот гас ќе биде супер голема конкуренција на постоечкиот гасовод, кој се нарекува ‘Јужен тек’.“Тој додаде: „Американскиот гас преку овој гасовод, кој ќе минува преку мојата земја, ќе биде супер голема конкуренција на рускиот гас кон Централна и Западна Европа. Затоа сме многу важни и затоа сме стратешки партнери.“

Поддршка за потпретседателот Венс: „Мислам дека беше во право“
Мицкоски се осврна и на говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс пред европските лидери:„

Потпретседателот Џеј-Ди Венс истакна многу примери кои не се добри и кои не се усогласени со слободата на говорот, со демократските вредности, со барем заеднички, споделени вредности. И, пак ќе кажам, мислам дека беше во право,“ рече Мицкоски.

Конференцијата CPAC има клучно место во американската конзервативна политика, со значајно влијание врз подемот на Доналд Трамп. Очекувано, Трамп ќе се обрати пред учесниците утре, продолжувајќи со својата реторика пред изборите.

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон.
Извор: Радио Лидер.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ема Блажеска и Карина Хил – новите ѕвезди во новиот филм „Охридски Лудории”!

Уште само четири епизоди не делат од премиерата на македонскиот хит-филм Охридски Лудории! Денес успешно заврши уште едно незаборавно снимање, полно со смеа, позитивна...

Таткото на загинатиот тапанар од ДНК до Сиљановска, Мицкоски и Тошковски: Немате срца, бирајте месец но на 16-ти дајте оставки

Таткото на загинатиот тапанар на ДНК Георги Георгиев, на денешниот протестен марш во Кочани упати остри пораки до претседателката Гордана Сиљановска Давкова, до премиерот...

Се огласи мајката на Груби: Те гонат како во комунизмот, ама ќе пропаднат како што пропадна тој систем

Мајката на бегалецот Артан Груби се огласи на ФБ со честитка за роденденот на нејзиниот син. Денес кога твоето отсуство се забележува повеќе од присуството...

Здрав и жив е, да не го мислите: После 6 месеци бегство, Артан Груби се јави на Инстаграм.

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој веќе шест месеци е недостапен за македонските институции, денеска се огласи на својот профил на Фејсбук и Инстаграм по...