27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаТошковски: Недостигаат полициски службеници на терен

Тошковски: Недостигаат полициски службеници на терен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска посочи дека недостасуваат полициски службеници кои работат на терен, а во меѓувреме постои превработеност на останатите позиции во МВР. Заради ова, како што појасни, се работи на нов Закон за внатрешни работи и нов Закон за полиција. Во иднина, напомена дека ќе се работи и на нова систематизација, која ќе овозможи максимално, рационално и ефикасно трошење на парите на граѓаните, но и овозможување полициските службеници да бидат видливи на терен.

<

Не само во СВР Тетово, туку речиси и на територија на целата држава, во делот на оние позиции во рамки на Министерството каде што има макотрпна работа, каде што полицискиот службеник треба да е на терен, за да можат македонските граѓани да живеат безбедно, таму секогаш ни фалат вработени. Во другиот, комотниот дел, каде што не се изложени на дожд и на ветер, не се изложени на улица да го загрозат својот живот, таму има вишок на вработени, изјави денеска Тошковски,, одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета во Тетово.

Тој рече дека ќе се преземат оперативни планови и активирање на сите вработени во МВР. Како што рече, веќе почнале во Скопје, а втор град каде ќе го имплементираат оперативниот план со внатрешна распределба во рамки на постоечката мобилност, ќе биде Тетово.

– Времето ќе покаже за кратко, за две недели отсега ќе видите разлика во споредба со претходно. Ако ме прашате дали има доволен број на вработени полициски службеници во увидна екипа и во сообраќајните екипи, ќе ви одговорам дека нема. Но, ако ме прашате на комотните позиции од аспект на началници, менаџери, оние фини и културни позиции во рамки на Министерството кои што се многу добро познати во јавноста, таму има превработеност. Но, и за тоа имаме решение. Макотрпно работиме на нов Закон за внатрешни работи и на нов Закон за полиција, а во иднина и на нова систематизаијца. Треба да овозможиме полициските службеници да бидат видливи на терен, а за да бидат видливи на терен треба да ги има на терен. За да ги има на терен, треба да има помалку „спијачи“ во министерствата, а повеќе работници, рече Тошковски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Талески: Власта нуди министер за здравство информатичар кој не знае ни колку болници има во Македонија.

Кандидатот за министер за здравство, Азир Алиу, е апсурден и срамен потег на оваа власт. Срамно е што за министер за здравство, власта ќе...

Наскоро во Македонија лична карта и возачка дозвола во телефон!

Министерството за дигитална трансформација работи на дигитална апликација преку која граѓаните ќе имаат лична карта и возачка дозвола во електронски облик, а ќе имаат...

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...