14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко...

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Приведени Ратко Капушевски газдата на РКМ и Асмир Јахоски сопственикот на Пуцко Петрол во истрага за набавка на мазутот за ТЕЦ НЕГОТИНО и електрани, дознава Телма.

<

Повеќе извори на Телма потврдија дека попладнево се приведени и се вршат претреси во домовите на сопствениците на РКМ и Пуцко Петрол, Ратко Капушевски и Асмир Јахоски. Надлежните само потврдија дека се вршат претреси во рамки на истрага на обвинителството за гонење на организиран криминал за злоупотреби при набавка на деривати.
Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.. Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати. Подетални информации ќе бидат споделени во текот на утрешниот ден“ пишува во соопштение на ОЈОГОКК.

Ратко Капушевски, според информациите на Телма, повеќе од еден месец не бил во државата и акцијата почнала кога надлежните добиле сознанија дека е вратен во Македонија. Неговата компанија беше главен избор на државните eлектрани за набавка на мазут и добиваше набавки во висина од повеќе десетици милиони евра.

КОД на Телма неколкупати правеше истражувања на темата по што и Aнтикорупциска отвори постапка и покрена иницијатива за кривично гонење. Во истрагата се опфатени и повеќе возачи, а извори на Телма потврдија дека е приведен и се вршат претреси и кај Асмир Јахоски, сопственикот на Пуцко Петрол.

Миомир Серафимовиќ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...