9.4 C
Ohrid
сабота, април 27, 2024
ПочетнаМакедонијаСтојанче: Ако сака се нека изгори, дрвата ќе пораснат пак, важно е...

Стојанче: Ако сака се нека изгори, дрвата ќе пораснат пак, важно е да нема човечки жртви.

spot_imgspot_img

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов денес одржа прес-конференција во врска со пожарите и нагласи дека хеликоптерите кои АРМ ги има не можат да летаат на температура над 37 степени. Вчера додека имаше голем пожар во Кочани, еден хеликоптер на АРМ беше во Старо Нагоричане и таму имаше опасност од човечки жртви. Ангелов информираше дека по одржана седница и разгледување на состојбата донесена е одлука дека за сега нема потреба од прогласување на кризна состојба.

Огнот е добар слуга, но лош господар. Тоа е мајката природа. Горд сум за вчера дека никој не загина. Денев во 9 часот седница одржа групата за процена. По разгледување на состојбата, одлучивме дека нема потреба од прогласување на кризна состојба и ако се влоши состојбата ќе побараме да се прогласи кризна состојба онаму каде има пожар. Оваа одлука ја донесовме бидејќи врховниот командант, Стево Пендаровски даде наредба за употреба на армијата, и тоа на копнените сили, не само на воздухопловниот винг. Сега можеме да ги користиме сите расположливи ресурси на армијата. Ќе го искоментирам и вчерашниот настан во Кочани, бидејќи од одредени центри вчера се појавија намерни дезинформации дека пожарот во Кочани не бил изгаснат и пак се разгорел. Тоа е ноторна лага. Вчера во Кочани се појави нов пожар, а најверојатно е спој меѓу жици на далноводи и се ширелбавно, а попладне се појави силен ветер и почнал да го шири пожарот. Сувата вегетација придонела тој да се рашири брзо и во неколку различни правци”, вели Ангелов.

Хеликоптерот беше во Старо Нагоричане кој за жал и денес е активен и е ризик за граѓаните. Поради тоа хеликоптерот дејствуваше на тој терен, а пожарот во Кочани можеше да се контролира од земја. Ограничени ресурси за гаснење на пожари има и во време на ВМРО, СДМС или било која Влада, и така и ќе биде. Нашите капацитети се такви со години наназад. Во Кочани се обидовме да ангажираме максимум припадници на ЦУК. Не е точно дека ЦУК не презема ништо. Вчера рано наутро беше ангажиран хеликоптер по барање на ЦУК кон Нагоричане”, појасни Ангелов.

Тој вели дека вчера бил слободен и приватно возило заминал во Крушево, но од таму не можел да предвидам дека ќе се појави пожар.

„Еве сега додека држам прес-конференција некаде може ќе се појави пожар. Значи ли тоа дека не треба да имам прес-конференција? Вчера имавме 14 активни пожари и како можам јас да ги менаџирам сите тие пожари. Мојата екипа од ЦУК вчера машки изработи на терен. Оние кои велат дека не сум презел ништо очигледно е дека не гледаат вести, бидејќи јас вчера бев гостин на неколку вести во живот. Хеликоптерот околу пладне направи пауза, и цела јавност треба да знае дека небезбедно е да лета хеликоптер на 37 степени. Па зарем треба да се ризикуваат животите на пилотите? Се нека изгори, нека бидат живи и здрави луѓето. Дрвјата пак ќе се вратат, а загубените човечки животи, не. Пред неколку дена хеликоптерот прегреа и беше ризик за животите на посадата, мораше леталото да се крене на висина за да се излади. Хеликоптерот кога требаше да замине од Куманово за Кочани немаше гориво. Горд сум бидејќи ние како држава и ЦУК спасивме вчера човечки животи. Луѓе вчера можеа да умрат”, вели Ангелов.

Тој додава дека надлежност на ЦУК е да спасуваат животи.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс!

Македонецот Бобан Илиоски е светски шампион во кик-бокс! Илиоски, кој ја имаше титулата аматерски светски првак, во тежок меч во Скопје беше подобар од актуелниот...

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...