19.9 C
Ohrid
вторник, април 30, 2024
ПочетнаМакедонијаРама 30 минути пред закажаната средба не го прими Пендаровски, Стерјовски бара...

Рама 30 минути пред закажаната средба не го прими Пендаровски, Стерјовски бара објаснување

spot_imgspot_img

Пратеникот во албанскиот Парламент од Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) Васил Стерјовски во обраќањето пред пратениците информираше за неговата средба со претседателот на Македонија, Стево Пендаровски за време на неговата официјална посета на Албанија.

„Како пратеник во албанското Собрание и претставник на македонската заедница во Албанија, остварив средба со претседателот Стево Пендаровски. Разменивме мислења за актуелните состојби во двете држави и го запознав со актуелните состојби, положбата и правата на македонското малцинство во Албанија и можностите за унапредување на неговата положба и права“, рече тој.

Потоа, Стерјовски, се задржа на, како што рече одложената планирана средба на Пендаровски со албанскиот премиер Еди Рама и побара објаснување од кабинетот на Рама.

„Планирано беше претседателот Стево Пендаровски да се сретне и со премиерот Еди Рама, но како што бев информиран од македонската делегација, половина час пред средбата, кабинетот на премиерот Еди Рама средбата ја откажал со образложение: прeмиерот има важен состанок. Одложувањето на средбата се случи после заедничката прес-конференција на претседателите Мета и Пендаровски. Премиерот треба да ја информира јавноста, зошто ја одложи средбата со претседателот Стево Пендаровски половина час пред нејзиното одржување“, рече Стерјовски.

Однесувањето на премиерот Рама Стерјовски го оцени како несериозно.

„Имајќи предвид дека ваквите средби се закажуваат предвреме со недели, останува впечатокот дека е несериозно однесувањето на премиерот, уште помалку е во духот на добрососедството. Особено ако се има предвид дека Република Албанија и Република Македонија заедно се движат по европскиот пат и споделија иста мерка од последниот самит на Европскиот совет – одлагање на датумот за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Впрочем, не е тајна дека Македонија не доби датум за почеток на преговорите поради нас, поради нашата држава Албанија“, посочи тој.

Стерјовски додаде дека односите за добрососедство се критериум за европска интеграција и оти „Република Албанија мора да ја промовира таа политика со сите наши соседи”.

И претседателката на парламентарната опозиција во албанскиот парламент, Рудина Хајдари, во својот говор во парламентот рече дека премиерот Еди Рама ја откажал средбата со македонскиот претседател Стево Пендаровски 30 минути пред да се оддржи.

Пратеничката рече дека ова е грд чин на Албанија со оглед на фактот дека Македонија е сојузник на Албанија.

„Срамота е што премиерот Рама ја откажа средбата со претседателот на Македонија, тој ја откажа средбата 30 минути пред да се одржи. Тоа е грда постапка на нашата држава. Да се откаже таквата посета на толку високо ниво, особено ако се земе предвид фактот дека Македонија е наш сојузник и оди напред заедно со нас на патот кон ЕУ. Значи, имаме неколку заеднички предизвици. Ова откажување на средбата беше грда претстава“, рече Хајдари, пренесува Ора њуз.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија најбрзо што може

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево изјави дека во најкраток рок ќе биде екстрадиран Љупчо Палевски откако денеска Министерството за правда соопшти дека...

Наумче Мојсовски и уште 11 лица обвинети за проневера од 5 милиони евра.

По иницијатива на Антикорупциската комисија од претходниот состав, Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог до Кривичниот суд Скопје против 12 лица од Агенцијата за млади...

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Министерството за правда денеска соопшти дека е добиено официјално известување дека екстрадицијата на Љупчо Палевски е дозволена. Палевски е осомничен за две кривични дела...

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште

Среќен роденден на човекот кој целиот свој живот го посвети на уметноста, на доајенот на македонското глумиште и човекот со кого пораснавме ние,...