23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСопругата на Андреј од „ДНК“: Лажат дека пиротехниката ја донел бендот –...

Сопругата на Андреј од „ДНК“: Лажат дека пиротехниката ја донел бендот – не штитете некој кој треба да е зад решетки!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Наталија Ѓоргиеска, сопруга на трагично загинатиот член на бендот „ДНК“ – Андреј Ѓоргиески преку Фејсбук и се обрати до јавноста:

<

Во овој момент, кој е најтежок за нас, медиумите и државните институции, ме предизвикувате за прв пат да се обратам до македонската јавност. Во текот на вчерашниот ден, по потрага на својот сопруг Андреја Ѓорѓиески, да го најдам во некоја од болниците, на домашна адреса не посетила криминалистичката служба која без објаснување го барала мојот сопруг, во присуство на нашето дете.
Истата служба ме побара телефонски во неколку наврати со НАЈНЕХУМАН однос да дадам информација каде е мојот сопруг со цел да даде изјава за настанот, за што истото прашање го упатив кон нив.

Од медиумите, кои пренесуваат ЛАЖНИ информации, дознале дека сопругот е на домашно лекување, додека тој лежи во болницата во Кочани, мртов.

Ги замолувам сите јавни медиуми да не шират дезинформации на социјалните мрежи. Ги замолувам и јавните органи да си извршат детален увид за целиот трагичен настан. Во овој тежок момент за сите нас, ЈАВНО ги замолувам институциите и медиумите да ја почитуваат пред се, нашата приватност.

Лажни објави дека мојот сопруг е на домашно лекување и дека пиротехниката е донесена од страна на бендот, ве молам, НЕ ШТИТЕТЕ НЕКОЈ КОЈ ТРЕБА ДА Е ПОЗАДИ РЕШЕТКИ! Како сопруга и мајка на малолетно дете, покажете малку сочувство, а така и за поблиското семејство и пријателите“ пишува Ѓоргиеска на ФБ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...