3.9 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМицкоски побара МВР и Финансиска да ја „тресе“ Левица оти купила евтин...

Мицкоски побара МВР и Финансиска да ја „тресе“ Левица оти купила евтин деловен имот за 295.000 евра.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на прашање на лидерот и пратеник на Левица, Димитар Апасиев, обвини дека купил деловен простор по ниска цена а во центарот на Скопје, како и дека сторил кривично дело. Потоа ги повика институциите да истражат. На ова одговори и Апасиев, кој го нарекува Мицкоски „северномакедонски премиер“, посочувајќи дека е спремен за кривичната пријава.

<

„Политичката партија Левица купила деловен имот од 409 метри квадратни на адвокатската улица зад седиштето на компанијата А1, верувале или не, за цена од 295.000 евра со ДДВ или просечно квадратот на овој објект е 721 евро во центар на Скопје. За какво кривично дело е ова професоре? Сега ќе ви кажам.. Градот Скопје ви пресметал дека ова кривично дело кое го зборувам е еднакво на цена квадрат од 1150 евра, па сте платиле данок во вредност од 739.285 денари. Ова кривично дело е, некое кривично цело, ќе видиме, ќе се позанимаваат органите. Ова дело е преку Универзална инвестициона банка“, рече Мицкоски.

Потоа му покажа фотографија од „Соравија“.

„Што е заедничко помеѓу ова и ова? Извршителот Андреја Буневски. Тој е заеднички извршител за двата објекти. За Соравија очигледно не успеа бизнисот и е закажано јавно наддавање и проценета на 22.4 милиони евра, па имам дилема, дали како што го купивте овој деловен објект, а сте неподмитливите, ќе наддавате и за Соравија од 22.4 милиони евра“; додаде Мицкоски.

Потоа Апасиев се обрати до МВР и Финансиската полиција.

„Прво да проверат дали има основа за кривично дело, дали Левица сторила кривично дело, нема да кажам кое, ќе оставам професорот Апасиев да каже, така што го купила овој простор по 721 евро по метар квадратен, а вреди најмалку трипати повеќе, а Градот Скопје вели дека најмалку 50 проценти повеќе вреди, а потписник на договорот е Димче Апасиев, професор на Правниот факултет во Штип“, додаде Мицкоски.

Апасиев му посочи дека е спремен за кривична пријава, па потоа додаде дека подготвува кривична против Мицкоски за попречување на правдата и оддавање службена тајна. Апасиев му посочи на Мицкоски дека тоа не му одговара на пратеничкото прашање и дефокусира, е „синдром на дива коза“.

„Синдром на дива коза или дијареја, се вика ова што вие го правите. За се се правите флека, не зборувате за се што сте прашан, туку за други. Ние купивме подрумски простории со приземје, затоа е таа цена. Мене и Заев ова ми го правеше. Да сум имал страв од вакви, немало да се бавам со политика. Уште утре да ми поднесете кривична пријава, како што јас ќе ви поднесам за оддавање на службена тајна. Немојте вие да зборувате за поштеност. Вашите два часовници вредат колку таа зграда“, врати Апасиев.
Скопје1

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ова е Цеца, кралица во затворот во Штип!

Бидејќи главна фаца денес е кучката Цеца, ММС успеа да најде фотографија од оваа кралица во затворот во Штип. Но, која е Цеца? Извори на ММС...

Се огласи директорот на Кумунално Битола: За храна за кучиња имаме потрошено 100.000 денари а не 60.000 евра !!!

Директорот на Комуналното препријатие Горан Степановски од Битола, ги отфрла сите шпекулации и лаги кои беа изнесени на денешната седница- тој на социјалните мрежи...

Автомобилот на Ице, еден од хероите во „Пулс“ ќе биде дел од Car Show – Битола

Ице Андонов, еден од вработените во ноќниот клуб „Пулс“, херојски успеа да спаси бројни животи влегувајќи во огнот неколку пати – но за жал,...

Пајазит Пајазити останува судија, казнет само 30% од плата

Пајазит Пајазити, останува судија во Кривичниот суд, и покрај одлуката да го пушти Блерим Рамадани од ефективен во домашен притвор, по што тој избега....