15.9 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаГруевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

Груевски објави фотографија стара 19 години: Бев претставен како брокер пред УМС

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Поранешниот премиер и бегалец во Будимпешта, Никола Груевски,честитајќи го денешниот роденден на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ објави своја фотографија стара 19 години.
Поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи напиша дека пред младите членови на партијата на тој настан бил претставен како брокер кој ја направил првата трансакција на македонската берза за хартии од вредност.
„Ова е фотографија од настан на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во драмскиот театар во Скопје, во 1996 година. Не го паметам точниот датум. Тоа беше некаква промоција на 12 членови на УМС кои тогаш биле во нешто, во некои области најуспешни.
Имав 25-26 години и бев поканет на бината и преставен како брокер кој ја направил првата трансакција на македонската берза за хартии од вредност која токму таа година на 28 март се отвори.

<

Беше присутен претседателот на партијата и поголем дел од тогашното раководство. УМС и тогаш, и подоцна низ годините и денес е многу значајна! Честит 34. роденден УМС!“, објави Груевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...