22.9 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаНова современа апаратура во охридската болница

Нова современа апаратура во охридската болница

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Охридската болница се поднови со нови апарати. Вредни донации на одделот за патологија и очното одделение. Едниот современ апарат е за оптичка кохерентна томографија што е основна дијагностичка алатка во модерната офтолмологија . Со овој апарат пациентите наместо по приватни ординации дијагностички услуги ке добиваат во општата болница.
Јавува Охрид Нет.

<

.
Втората донација е опремување на одделението за патологија, со што ќе се скрати времето на чекање резултати што е од клучно значење за пациентите.

-„Станува збор за четири апарати, автоматизиран ткивен процесор од затворен тип, ротационен полуавтоматски микротом водена бања и ладна плоча со калапер со топло ладна плоча. Со оваа опрема нашето одделение за патолошка анатомија влегува во полна снага, односно ќе ги сервисира препаратите како од нашата здравствена установа така и од околните затоа што од ваков тип лабараторија е единстевна во Југозападниот регион. Ќе вршиме сервисирање на материјали како од државните така и од приватните иснтитуции во регионот. Најголемата придобивка е тоа што значително ќе се скрати времето на чекање на резултати од овие материјали во некои случаи знаат да бидат од витално значење особено ако резултатот упатува на малигно заболување. Ако во минатото знаевме да чекаме резулати дури и 30, а некогаш и повеќе денови сега значително ке се скрати топа време на седумд енови максимално.А од друга страна има и економска придобивка затоа што ке сервисираме услуги ио за другите институции“, вели д-р Горан Маркоски директор на ЈЗУ Општа болница Охрид.

Новите апарати се донација од Агенцијата за катастар на Р.М, се изврши пренамена на средствата кои претходно биле на донаторската сметка.

-„ Ние стапивме во конаткт во месец август 2024 година бев информиран дека беше одобрена донација меѓутоа по преоценка на самиот тим од тука беше предвидено да се набави опрема која што не е соодветна за потребите на самата институција. Институцијата со новиот менаџмент имаше предлог за тоа каква опрема да се набави, ние како орган кој претходно ја има одобрено донацијата почнавме една постапка ги поминавме сите филтри, одобривме практично анекс на тие средтсва и како што кажавме набавена е опрема која што ќе биде една од клучните во овој регион во земјава односно нема да има поотреба голем број пациенти да се упатуваат во Скопје бидејки тука ке има брза и ефикасна дијагностика, бидејки ова ќе претставува еден регионален центар“, вели Иван Живкоски директор на Агенцијата за катастар.

Вкупната инвестиција на двата апарати од 6 800 000 денари, тие веќе се ставени во функција и достапни за пациентите.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Данела до Елмази: Ќе ти објаснам уште еднаш ама читање до 4 одделение се учи

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, му одговори на Мухамед Елмази од Влен, дека Градот нема надлежност во Сарај. Мухамед Елмази бидејќи се закануваш, ајде...

Млад Србин херојски го спасил животот на Македонец на Олимпик бич во Грција

На познатата грчка плажа Олимпик бич се случи херојска спасувачка акција кога млад Србин навремено реагираше и го спаси животот на постар Македонец што...

Не чувствувам одговорност за трагедијата во Кочани, вели министерот и ексдиректор на ДЗС, Шабан Салиу

Верувам во нашата држава, верувам во институциите на системот, верувам во правосудните органи дека правилно ќе ги согледаат аргументите и сите останати, да кажам,...

Полицаец повреден откако возач му ја прегази ногата за време на контрола

На 04.06.2025 околу 20.05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницта од бул.„Илинден“ со ул.„Бледски договор“ во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со...