28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСтојанче: На местото на крвавата заседа кај Вејце- 24 години подоцна !!!

Стојанче: На местото на крвавата заседа кај Вејце- 24 години подоцна !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

НА МЕСТОТО НА КРВАВАТА ЗАСЕДА КАЈ ВЕЈЦЕ
24 години подоцна

<

Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе и запали осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје.

Во текот на денешниот ден, членови на семејствата на загинатите бранители од заседата кај Вејце како и државни, полициски, армиски и други делегации, ќе одадат почит и ќе положат цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце, “Ангел”, кој се наоѓа до градскиот часовник во центарот на Битола како и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во кругот на СВР Битола. Воедно почит ќе биде оддадена и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во касарната Илинден во Скопје и пред неколку други индивидуални споменици на загинатите бранители од заседата кај Вејце.

Да не се повтори, да не се заборават!

Игор Костески (26) од Скопје,
Роберт Петковски (27) од Скопје,
Бобан Трајковски (28) од Куманово,
Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,
Илче Стојановски (24),
Кире Костадиновски (24),
Бошко Најдовски (24) и
Марјан Божиновски (27),
сите од Битола.

Вечна ви слава, херои македонски!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...