Тапанот на Ѓорѓи Ѓоргиев кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани кој беше член на бендот ДНК, доби нов дом.
<
Родители на Ѓорѓи одлучија музиката на нивниот син да продолжи да живее и тоа преку рацете на уште еден млад и талентиран тапанар, Бојан Трајков од Василево.
Бојан, кој уште од најрана возраст го чувствува ритамот како дел од своето срце, денес доби нешто повеќе од инструмент, доби благослов, доверба и наследство кое зборува со звуци наместо со зборови, пренесува порталот „Струмица денес“.
„Ѓорѓи нека свири преку тебе,“ се зборовите кои мајката на Ѓорѓи му ги упатила на младиот Бојан.