29.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаМакедонијаПочина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во...

Почина д-р Славица Трајкова – инфектолог и борец на првата линија во борбата со Корона вирусот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која денес почина на 64-годишна возраст, дел од велешката болница.

<

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина на 64-годишна возраст, дел од велешката болница.

И покрај тоа што беше дел од локална болница, македонската јавноста ја памети како еден од најхрабрите лекари кои застанаа на првата линија во борбата со коронавирусот за време на пандемијата. Како специјалист по инфективни болести, се одзва на повикот на Министерството за здравство и несебично замина да помогне во епицентарот на заразата – градот Дебар, каде што во најтешките моменти лекуваше пациенти и придонесе во справувањето со кризата.

Голем дел од својата кариера ја посвети на Инфективното одделение при Општата болница во Велес, каде што со својата експертиза, посветеност и човечност остави неизбришлив белег.

На социјалните мрежи се нижат бројни коментари од граѓани и колеги кои со тага се простуваат:
„Со нејзината работа и посветеност кон пациентите, остави траен белег во болницата во Велес, пред сè на Инфективното одделение. Докторке, колешке, ќе ни останеш во убави спомени. Вечна ти слава.“
„Бог да ја прости! Голема загуба за Велес. Беше една, ако не и најдобрата докторка.“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...