Утринава на стариот пат од селото Подмоље кон Охрид, во близина на болницата „Свети Еразмо“, патничко комбе излетало од коловозот и завршило во Охридското Езеро.
<
Несреќата се случила на дел од патот кој интензивно се користи во последно време, бидејќи сообраќајот е пренасочен преку стариот пат поради градежните работи на автопатот Кичево–Охрид.
Во комбето се наоѓал само еден патник, кој за среќа преживеал и се наоѓа надвор од животна опасност.
На местото на настанот интервенираа екипи на полицијата, а во тек е постапката за извлекување на возилото од езерото. Причините за излетувањето сè уште се утврдуваат.