Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот митинг „Да се сретнеме во Гостивар“.
Тој јасна порака до оние кои, како што рече, се обидуваат да го попречат.
„Ви кажувам од тука, Валбон Лимани не е кандидат, но тој ќе биде новиот градоначалник на Гостивар“, рече Таравари.
Во својот говор, Таравари изрази негодување од постапките на неговите сопартијци Азир Алиу и Арбен Фетаи кои останаа во владината коалиција и ги повика да се кандидираат на изборите како кандидати.
„Едниот нека се кандидира во Гостивар, а другиот во Липково. Ако едниот од нив добие над илјада гласови, јас ќе се повлечам од политиката“, рече Таравари.
Таравари од Гостивар, без македонско знаме: Нека се кандидираат Али и Фетаи на изборите, ако добијат над илјада гласови, ќе се повлечам од политиката!