<
До нашата редакција пристигна ексклузивна фотографија од глисерот кој денес попладне се запали во близина на каналот Студенчишта во Охрид.
Инцидентот се случил пред неколку минути, а благодарение на навремената реакција на езерската полиција, сообраќајната полција, и припадници на АРМ од Центарот за обука на вода – Охрид” огнот бил брзо ставен под контрола.„
На фотографијата се гледа сериозната штета на пловилото, но, за среќа, нема повредени лица.
Причините за пожарот сè уште се истражуваат. Надлежните институции се на терен и се очекуваат повеќе информации во текот на денот.