Голем пожар избил во фабрика за производство на изолациски материјали од стиропор во Кочани.
<
Според информациите, има голема материјална штета.
Од Територијалната противпожарна единица во Кочани информираат дека добиле повик за интервенција во фабриката околу пладне по што излегле на терен со четири возила и 12 пожарникари.
„Гасењето на огнот беше во специфични услови со оглед што се работи за лесно запалив материјал. Со брза интервенција успеавме да го локализираме и да ја отстраниме сериозната закана да се прошири и на околните објекти. За среќа, освен материјалната штета, нема повредени вработени во фабриката, ниту пак припадници на нашата противпожарна единица“, истакна Драган Апостолов.