27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаЛавина реакции од граѓаните: За прв пат ќе има музика во Кочани...

Лавина реакции од граѓаните: За прв пат ќе има музика во Кочани по повод празникот Петровден.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во сабота по повод големиот христијански празник Петровден, во Кочани, ќе се одржи прослава на патронот на градот – Петровден. Според достапниот план за петок и целиот викенд, се очекува настап и на културни друшта но и на македонски музички групи и ѕвезди.

<

Граѓаните со големо негодување реагираа на овој настан, со оглед на тоа што градот се уште е во голема тага за трагедијата што се случи во дискотеката Пулс, но градоначалникот тврди дека на сите им е потребно малку музика.

„Сите ја носиме болката од несреќата што нè погоди. Но, време е да се собереме и не бегаме еден од друг! По разговори со психолози, експерти за трауми и социјални работници, па и со луѓе од Шведска што поминале низ слична тага, нивните препораки се: дружбата, но и музиката ни се потребни за да заздравиме.

Не зборуваме тука за големи забави, туку за моменти кога можеме заедно да слушаме музика, да се видиме со семејството и со пријателите што ретко ги среќаваме, да си дадеме сила еден на друг.

Младите се нашето утре. Им треба простор да зборуваат и да не се чувствуваат сами, но и немаме опција да дозволиме нивна дружба по другите градови и небезбедно враќање од таму.

Ова не значи дека го забораваме минатото – туку дека ја прифаќаме болката и пробуваме да се бориме со неа заедно!

Нашите мали бизниси во Кочани едвај врзуваат крај со крај. Нашите порти треба да ги отвориме за соседните градови и сите оние кои беа навикнати да пазаруваат овде и да ги поддржат нашите ресторани, мали и средни претпријатија. Секој настан, секоја средба е шанса да им помогнеме, но и да им дадеме сигнал на сите дека ПОРТИТЕ на КОЧАНИ се отворени.

За сите што сакаме да им оддадеме почит на тие што ги изгубивме, имаме комеморација во сабота и Планинарски петровденски марш в недела, за да покажеме дека сме заедно во големата загуба.

Да ги отвориме вратите на наше Кочани, да се собереме и да си дадеме поддршка! За нашите луѓе, за нашите млади, за нашиот град – заедно сме посилни!“, се вели во пишаното обраќање на градоначалникот Крстевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...