13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 14, 2025
ПочетнаМакедонијаПецаков: Охрид и Македонија чекорат кон иднината- Пуштена првата делница од автопатот...

Пецаков: Охрид и Македонија чекорат кон иднината- Пуштена првата делница од автопатот Охрид – Кичево”

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Денес е голем ден за Охрид, за целиот југозападен регион, но и за цела Македонија. Со неизмерна радост и гордост
ја ставивме во употреба првата делница во должина од 20 км од автопатот Охрид – Кичево, проект кој со години беше наша визија, а денес станува реалност.

<

Со овој автопат, патувањето до Охрид станува значително пократко, побезбедно и поудобно. Тоа значи повеќе туристи, повеќе гости од земјата и странство, кои ќе можат полесно да уживаат во сето она што Охрид го нуди. Тоа значи повеќе полни хотели, ресторани, продавници. Тоа значи повеќе работни места и подобар живот за секој охриѓанец кој живее од туризмот. Овој автопат ќе го позиционира Охрид како уште подостапна и попривлечна дестинација, што е клучно за нашата економска иднина.

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево е доказ дека со упорност, посветеност и заедничка работа и одлична меѓусебна комуникација можеме да ги реализираме и најголемите проекти. Ова е само еден чекор кон подобра и поразвиена иднина за нашиот град и нашата држава.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кој е монструмот Петар Ѓорѓиески, викан Пеце Белото?

Двојно убиство и самоубиство синоќа го потресе Прилеп. На улицата „Стеван Апостолоски“ се случила вистинска семејна крвава драма кога 62 годишниот Петар Ѓорѓиески ги...

Претседателката се фати на оро во селото Галичник

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и годинава беше дел од „Галичка свадба”, проследувајќи ги свадбарските обичаи коишто ја отсликуваат македонската вековна народна традиција и култура, како...

Скопјанец претепан во сопствениот дом, го тепале со тврди предмети.

На 12.07.2025 во 01:40 часот во СВР Скопје, Б.С.(50) од Скопје пријави дека на 11.07.2025 околу 21:00 часот во дворот од неговата куќа на...

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп

СВР Битола ги расчисти околностите за тројното убиство во Прилеп Во врска со кривично правниот настан -Убиство и самоубиство, случен на 12.07.2025 година во...