13.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаБогојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

Богојески: Не бев разрешен, дадов оставка, но уште сум директор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Ниту сум разрешен од директор на Националната агенција, ниту се шетам со државни пари, ниту е испратено писмо од ЕУ! Јас поднесов оставка од позицијата директор на НА, поради други професионални ангажмани, а во тек е законска постапка за избор на нов директор во координација со Европската Комисија. Се до изборот на ново лице и примопредавање на обврските, јас целосно ги извршувам сите законски должности, реагира Петар Богојески, кој е во посета на САД, како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

<

Посетата на САД од делегација на НА е планирана пред два месеци, истата нема врска со приватни средби или активности! Учествуваме на 19тиот Меѓународен самит за човекови права, кој се одржува во седиштето на Обединетите Нации во Њујорк. Македонската делегација има инспиративни излагања и учество покрај низа угледни личности, образовни работници и активисти за човекови права од целиот свет. Најзначајните моменти вклучуваат работилница за лидерство за младински активисти, образовни работници и др. преку можности за вмрежување со поединци и организации посветени на унапредување на човековите права низ целиот свет. Овие самити претставуваат моќна платформа за обединување на млади од целиот свет, негувајќи дух на соработка и заедничка цел. Минатите самити беа почестени со присуство на добитници на Нобелова награда за мир, како претседателот Жозе Рамуш-Орта, претседателот Оскар Аријас Санчез и надбискупот Дезмонд Туту – инспирирајќи нова генерација лидери. Повеќе од 50 национални делегации од различни земји се приклучени на ова глобално движење, а од овој самит и Република Македонија“, вели Богојески.

Тој по два и пол месеци директорување, најави дека си заминува од Националната агенција, за да оди на друга позиција.
„Договорена е прераспределба на позиции и институции кои ќе ги раководи Македонски Концепт во рамки на извршната власт, со што потврдено е дека претседателот на Македонски Концепт д-р Петар Богојески ќе раководи со друга институција“, соопшти самиот Богојески.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва e пронајдено безживотно тело близу познат хотел во Охрид.

Вечерва околу 19:50 часот службите за итна медицинска помош и екипи од Министерството за внатрешни работи (МВР) извршија увид на рампата што води кон хотелскиот...

Мицкоски: Околу 1100 -1200 работници работат по целата траса на автопатот до Охрид

Во овие 8 месеци работат на потегот од Климештани до Охрид над 400 камиони, над 100 булдожери од различни типови се вклучени исто така...

Градоначалникот Пецаков и пратеникот Сашо Донев, на чествување на Св. Недела во село Плаќе.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, заедно со пратеникот Сашо Донев, секретарот на Општина Охрид Александар Китески и бројни верници, денес присуствуваа на одбележувањето на...

Денеска се празнува Светата великомаченичка Недела

Во времето на христоборните цареви Диоклецијан и Максимијан во Анадолија живееја две побожни стари души, Доротеј и Евсевија. Беа побожни христијани, богати, но и...