26.9 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаUncategorized @mkСкопјани не сакаат доброволно да гасат пожари – Пријавени само 50 доброволци

Скопјани не сакаат доброволно да гасат пожари – Пријавени само 50 доброволци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Вчера истече огласот за владината мерка за справување со пожарите на кој се бараат 400 невработени за помош при гаснењето на пожарите низ земјава за 24.000 денари месечно. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, вели дека во Скопје има малкумина пријавени.

<

„Во овој момент имаме нешто помалку од 500 пријавени кандидати на територијата на државата. Нам ни беа потребни 400, за жал бројката во Скопје е нешто помала, под 50, а очекувавме 80. Денес истекува огласот, овие лица во наредните два-три дена ќе бидат контактирани, ќе бидат повикани во локалните територијални противпожарни единици. Некои до нив, особено оние во Дирекцијата за заштита и спасување ќе почнат со најмалку дводневна обука, период во кој е се изврши селекција на оние кои ќе можат да продолжат понатаму да се развиваат во насока на пожарникари“, рече вчера директорот Ангелов.

Оние кои ќе се покажат како најдобри ќе добијат можност да бидат вработени во локалните противпожарни единици, а најдобрите меѓу најдобрите, пак, ќе можат да бидат дел од новата специјална единица на ДЗС. Директорот Ангелов вели дека по вработувањето, оние невработени кои ќе се покажат како најдобри меѓу најдобрите, ќе земаат поголеми плати и од пожарникарите.

„Специјалната единица ќе има повисока плата и од пожарникарите, затоа ќе бидат во помал број, но ќе бидат користени секаде онаму каде што е најтешко вклучително и на тешко пристапни терени каде што обичен човек или просечен пожарникар не би можел да се движи. Затоа што еден од приоритетите е да имаме луѓе кои се физички многу подготвени и можат да се пробијат секаде. Зборуваме за единица во која сите би биле помлади и физички поспремни за да можат да одговорат на најсложени задачи“, рече директорот Ангелов.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Го фатиле како краде краде лубеници, па со Роцангла го претепале до смрт.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, осомничени дека заедно како група извршиле кривично дело...

Мицкоски: Времето кога парите завршуваа во приватни џебови е минато, денес секој денар се гледа на терен

Кога локалната самоуправа работи со Владата како партнер тогаш резултатите не изостануваат. Овие проекти покажуваат дека Гевгелија е дел од приказната на новото време...

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...