Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз основа на професионални критериуми и работно искуство.
Факт е дека и според моменталната систематизација, началник на Одделот за организиран криминал мора да има најмалку десет години искуство. Опозицијата грубо ја манипулира јавноста, ширејќи страв дека ќе се вработуваат партиски кадри. Нема да има партизација. Ќе се вработува само според јасни и стручни услови“, истакна Тошковски.
Тој појасни дека во иднина секоја институција ќе бара искуство поврзано со конкретната функција. „Досега видовме примери каде што продавачка од маркет станувала виш инспектор. Тоа е неприфатливо. Ќе се прекине партизацијата во МВР и ќе се обезбеди стручност“, рече министерот.