Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот технички секретар,Доста Дојчиноска.
Пензијата за многумина значи крај на една фаза, но јас би рекол дека за Доста тоа е награда – награда за години чесна, одговорна и пожртвувана работа. Со неа завршува една службена приказна, но останува човечката врска, почитта и пријателството кое го изградивме.
Доста, во мое име, во име на целиот тим, и во име на граѓаните кои често и без да знаат биле корисници на твојата тивка, но огромна работа – ти упатувам едно големо БЛАГОДАРАМ.
Ти посакувам здравје, спокој и радост, опкружена со твоите најблиски.
Среќен пат во новото поглавје од твојот живот.
Пишува градоначалникот Ногачески.