22.9 C
Ohrid
вторник, август 12, 2025
ПочетнаМакедонијаТрајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР...

Трајановски: Детектирани се црните точки на патиштата, работиме во координација со МВР за подобра безбедност

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Директорот Трајановски истакна дека се детектираат црните точки на патиштата и се работи на подобрување на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност
Директорот на Државни патишта, Коце Трајановски, информира дека веќе се детектираат црните точки по патиштата и дека се во постојана координација со Министерството за внатрешни работи за нивно подобро означување. Тој апелираше до граѓаните да обрнат посебно внимание на сообраќајната сигнализација за поголема безбедност на патиштата.

<

Во однос на експресниот пат Градско-Прилеп, каде што за неколку месеци од пуштањето во употреба има пет жртви. Трајановски најави дека ќе биде поставена нова, подобрена сообраќајна сигнализација.

Тоа е еден од новите патишта што ги пуштивме во текот на изминатата година, направено според важечките законски прописи. Меѓутоа, поради повеќе жртви на овој пат, веќе е изготвен проект, доставен до Министерството за транспорт. Очекуваме во краток рок да биде одобрен, по што ќе започнеме со поставување на новата сигнализација, која ќе придонесе за намалување на сообраќајните несреќи и жртви“, изјави Трајановски во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија.

За состојбата на скопската обиколница, директорот рече дека следната година е планирана поголема реконструкција.

„Се обидуваме да ги детектираме сите критични точки и прво да реагираме на нив. Лошата состојба кај клучката Хиподром и кај хотелот ‘Белви’ веќе е решена. За обиколницата, која е приоритет, се подготвува проект за поголема реконструкција, за која ќе користиме кредити. Исто така, за тријаголникот Миладиновци-Петровец-Хиподром се во тек преговори со Светска банка и други финансиски институции. Се надеваме дека следната година ќе започнеме со реконструкција“, рече Трајановски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

15 годишно дете со автоматска пушка го извршило убиството викендов во Тетово

Основното јавно обвинителство Тетово отвори истрага против четири лица – тројца возрасни и едно дете – осомничени за крвавиот оружен напад што се случи...

Вработените на Урологија се откажале од парите за службени мобилни и наместо тоа купиле 18 клими за пациентите

Универзитетската клиника за урологија денеска ја промовираше новата, целосно реновирана болничка инфраструктура, како дел од широк инвестициски и реформски циклус, кој опфаќа модернизација и...

Циркузот продолжува: Директорката Лозановска не сака да зборува на англиски иако положила курс во Бугарија.

Во последните денови, јавноста со големо внимание го следи случајот со поранешната директорка на училиштето во Демир Хисар, Маја Лозановска, кој повторно ја отвори дебатата...

Ахмети: Јас резервна татковина немам- Мојот прадедо и дедо почиваат во кичевско.

Тогаш и денес, јас друга држава немам. Јас резервна татковина немам. Мојот прадедо и дедо, моите татко и мајка, почиваат во Зајас, Кичевско, вели...