17.9 C
Ohrid
сабота, август 23, 2025
ПочетнаМакедонијаШтипјанец со "БМВ" возел со 252 километри на час !!!

Штипјанец со “БМВ” возел со 252 километри на час !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Лишен од слобода возач од Штип, управувал возило со 252 км на час на место каде што е дозволено 120 км на час

<

На 22.08.2025 во 18:35 часот на автопат „Пријателство“, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Г.Ј.(36) од Штип. При сообраќајна контрола полициски службеници констатирале дека Г.Ј. управувал патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 252 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 120 километри на час.

За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило“.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски ја обвини опозицијата за тајни планови со ДУИ, за хаос на изборите..

Тајни договори помеѓу поранешните владини коалициски партнери, смислени сценарија за хаос и манипулации. Вакви обвинувања изнесе премиерот Мицкоски од говорница, пред функционери и симпатизери...

Работник вчера починал додека работел на изградба на автопатот во Гостивар.

Работник вчера починал додека работел на изградба на автопат во близина на гостиварските села Долна Ѓоновица и Симница, соопшти МВР. Станува збор за Д.П.(60) од...

„Четири години дела, а не зборови – Пецаков им одговори на критичарите”

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, пред граѓаните го презентираше отчетот за својата работа во изминатите четири години. Во своето обраќање тој нагласи дека...

Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата. Од пристигнатите 352 барања за упис во регистерот на...