22.9 C
Ohrid
понеделник, август 25, 2025
ПочетнаМакедонијаПритвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

Притвор за таткото кој тепаше 15 годишни фудбалери на натпревар во Штип

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

<

Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“.

Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Брегалница“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.
Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“.

Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација.

На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ивановски: Пругата Скопје-Кичево ќе се електрифицира

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати директорот на Железници инфраструктура, Синиша Ивановски. Ивановски објасни дека пругата Скопје-Кичево ќе биде...

Божиновска: Од 1 септември Законот за возила ќе се применува според европските стандарди

По 17 години, Законот за возила конечно ќе почне правилно да се применува. Од 1 септември 2025 година стартуваат измените во постапките за одобрување...

Една фирма регистрирала 12 портали за изборна кампања- Пријавиле сајт, па го основале.

Во регистарот на медиуми за изборно рекламирање на локалните избори 2025, освен телевизии, радиостаници и печатени медиуми, се најдоа и 245 интернет портали. Меѓу...

Уапсен охриѓанец кој на малолетничка ѝ испраќал недолични содржини преку социјална мрежа

На 24.08.2025 околу 22:00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 51 годишно лице од Охрид. -Тој се сомничи дека од...