6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЗаев: Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на...

Заев: Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката

spot_imgspot_img

Фејсбук статус на Зоран Заев, претседател на СДСМ:

Денеска на 2 Август – Денот на Републиката, оддаваме почит кон нашето херојско минато.

Нашите славни претци од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена македонска држава, признаена од целиот свет.

Борбата за слобода на македонскиот народ и на сите граѓани кои живеат во нашата земја постојано носеше победи со кои заеднички го трасиравме патот напред. Илинден е голем светилник што го покажува правецот кон сигурната иднина, Илинден е победа за сите кои движат напред.

Денес живееме во држава втемелена на Крушевскиот манифест и Манифестот на АСНОМ. Идеите и вредностите запишани во овие безвременски документи од нашата историја денеска се наша реалност.

Како одговорни граѓани продолжуваме да се водиме од ликот и делата на илинденците и учесниците во Народно-ослободителната борба и со чест и обврска ги реализираме нивните идеали.

Заедно со вас, почитувани граѓани, продолжуваме да ја градиме Северна Македонија како слободна, демократска и заедничка држава, земја пријател на регионот и светот.

Горди на славното минато, уште порешително чекориме кон светлата иднина – Северна Македонија почитувана држава, полноправна членка на НАТО и проговорач со ЕУ.

Нека ни е честит и вековит 2 Август – Денот на Републиката!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...